Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по правило стана предвесник на политичките процеси кои што се случуваат во државата и тоа во нивната најсуштинска форма.
Николоски беше првиот кој што го впери прстот во вистинската природа на криминалните избори кои ги спроведе власта на 15 јули, беше првиот кој ги најави протестите на Македонските граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ со кои Заев беше спречен во својата крчмарска намера да го распродава Македонскиот идентитет на бугарските власти, а и прв најави интерпелација на старо-новата Влада предводена од Зоран Заев на истекот на нејзиниот 100 дневен мандат.
За повеќе актуелни прашања кои се од интерес на јавноста Николоски ќе гостува во емисијата “Само вистина” на Канал 5 ТВ со почеток во 18.30 часот.