Во своето гостување на емисијата “Само Вистина” Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изнесе повеќе ексклузивни информации со кои што даде ново светло на преговорите на Зоран Заев со бугарските власти за менување на историјата како и промената на идентитетот преку давање на бугарски корени на Македонскиот јазик.
Александар Николоски јавно запраша дали е вистина дека поранешниот Министер за надворешни работи Никола Димитров кај повеќе медиумски работници и креатори на јавно мислење во државата се фалел дека тој е човекот кој што ги спречил намерите на Зоран Заев за постигање на договор со Бугарија со што се укочени евроинтеграциските процеси на Република Македонија.
“Сакам да го прашам Зоран Заев како пртетседател на владата дали знае дека неговиот потпретседател оди наоколу во државата и брифира одредени новинари и одредени креатори на јавно мислење дека токму Никола Димитров е причината поради која што Зоран Заев не потпишал договор со Бугарија, односно дека Зоран Заев бил спремен да потпише договор со Бугарија но Никола Димитров го спречил претставувајки се себеси како бранител на Македонските национални интереси и дека тоа успеал да го направи преку т.н. скопско крило во СДСМ? Дали за ова знае Зоран Заев имајки предвид дека за ова знаат двоцифрена бројка на новинари и креатори на јавно мислење?”,
-запраша во таа прилика Александар Николоски на кое што прашање новинарката која го водеше интервјуто се насмевна со поголемо изненадување.
Целото интервју на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во кое што тој изнесува повеќе интересни и суштински аргументи и го разобличува штетното владеење на Зоран Заев може да го проследите во видеото во продолжение


