Од час во час се менуваат информациите поврзани со состојбата на Буџетот и ударот кој ќе треба да го претрпи нашата но и сите светски економии како резултат на ширењето на Корона вирусот.
Од состојбата на државниот Буџет дури уште на самиот почеток на кризата, може да се заклучи дека тој и во нормални услови фунционирал на ,,респиратори”, односно преку задолжувањата кои немаше месец, а да не се случат и тоа уште по симтоматично во период пред да започнат исплатите на пензиите и платите на граѓаните.
Кога дојдоа на Власт затекнаа полна каса, стабилен Буџет, а и лично не паметам некоја изјава од министерот за финансии или премиерот, тогаш дека некој се пожалил на состојбата на Буџетот.
Сегашната ситуација е таква но не само поради кризата која ја наметнува Корона вирусот, туку и како резултат на сите популистички мерки кои Владата ги превзема по промената на нашето уставно име, се со цел да се обиде да го амортизора огромното незадоволство кај граѓаните.
Во изминативе години се случија огромен број на непотребни партиски вработувања, голем дел од тие и сеуште се без решен статус, по договор на определено време, или под агенција за привремени вработувања, кои треба да амортизираат помеѓу членството на СДСМ во пресрет на изборите.
Покрај тоа и зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на социјалната помош (темпирано пред изборите), платата во образованието и администрацијата и слични мерки кои исто така се дел од пакетот за амортизирање на незадоволството кај граѓаните од промената на Уставното име. Да, навидум сите овие мерки изгледаат добро, но вистината е дека се направени без реална основа, без природен пораст на економијата и соодветно создадени услови во Буџетот.
Паралелно на тоа реализацијата на капиталните инвестиции, кои пак сериозно ја предвижуваат економијата, во изминативе три години беше многу мала.
Пресметката на Власта беше многу очигледна, дека ако им дадат, малку повеќе пари на граѓаните дека ќе го ,,прежалат” името и нема да ги казнат на изборите.
Сите овие популистички мерки и постапки од предходно, надополнето со кризата од Пандемијата, го прават денеска Буџетот таков како што е со огромна празнина.
Шокантна е вчерашната изјава на поранешниот вицепремиер, дека Буџетската дупка ќе биде од 2 милијарди евра.
Зоран Заев пак изјавува дека ќе бараат да изнајдат начин за задолжување од 1 милијарда и 200 милиони евра. Или во превод ако Македонија е земја на 2 милиони жители, би значело задолжување на секој човек од нај малото ново родено бебе, до најстариот жител во Македонија по 600 евра.
Доаѓаат тешки денови за македонската економија, но со господ напред, да ја победиме првин пандемијата, која е општо зло и заеднички предизвик и борба за секој жител на планетата Земја, а потоа во по нормални услови да ставиме крај на недомаќинското, популистичко владеење во Република Македонија. 🇲🇰
Чувајте се!