Безизлезноста во која се западнати Македонските граѓани е повеќе од очигледна. Единствено неколкумина политички моќници во државата не го гледаат очајот во кој што живеат секојдневно Македонските граѓани.
Макроекономските показатели на Македонската економија одамна се сведени на ниво на општа рецесија во која што многу тешко ќе се излегува во наредниот период. И таквото закрепнување на Македонската економија е невозможно да го направи Зоран Заев заедно со неговата тендерашко влада која е основната причина за првично појавување и прогресирање на ваквата катастрофална состојба.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговорноста за лошата макроекономска состојба во државата ја лоцира кај огромното ниво на задолжување на државата кое што Зоран Заев го направи во минатиот период од неколку години, наспроти падот на процентот на реализација на капиталните расходи кои што треба да генерираат спирала на развој за враќање на кредитите од страна на државата. Наместо за развојни проекти задолжувањето на државата оди во непродуктивни трошоци, главно за предизборен поткуп на осиромашените граѓани.
“Заев, без срам, говореше како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата се наоѓа во рецесија. Да, целиот свет чувствува последици од Корона пандемијата, но само Македонија ги чувствува последиците од СДСМ пандемијата која опустошува уште од 2017-та година. Двете слики покажуваат како капиталните инвестиции опаѓаат додека задолжувањето на државата расте, па се поставува прашањето: „Каде се парите?“.”
-напиша Христијан Мицкоски на фејсбук по однос на ова особено тешко и болно прашање кое го тангира секој еден граѓанин на нашата држава.