• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

„Балкански Диалог 2021“

ноември 27th, 2021 Колумна коментари 730

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
„Балкански Диалог 2021“

Во преубавата Москва, од 18-ти до 21-ви ноември се оддржа традиционалниот настан „Балкански дијалот“ во организација на Фондот Горчаков. „Балканскиот диалог 2021“ беше посветен на најгорливите прашања за земјите од Балканскиот Полуостров во глобален контекст. Учесници на проектот беа млади специјалисти од областа на меѓународните односи, политиката, економијата, историјата на балканскиот регион, новинари, претставници на непрофитни организации и владини агенции од балканските земји и од Русија. На настанот учество зедовме и тројца претставници од Македонија, и за време на целиот настан се застапувавме за интересите на Македонија.

Во 2021 година, „Балканскиот диалог 2021“ беше вклучен во голем број официјални настани на годината на историјата на Русија и Грција. Посебен акцент во програмата беше ставен како на интензивирањето на руско-грчката соработка, така и на историската страна на процесот на формирање на Република Грција пред 200 години, кога со помош на Руската Империја, на Британската Империја и на Франција беше создадена Грција. Други теми на кои што беше ставен акцент беа и улогата на Балканот во триаголникот Русија – НАТО – ЕУ, за економските проекти и интеграциони проекти на Балканот, за меката сила и за јавната дипломатија, како и за улогата на младите во односите помеѓу Русија и Балканот. Настанот започна со воведни свечени обраќања на раководните лица на Фондот Горчаков, како и на претставници на Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.

„Треба да живееме во нов свет на меѓусебно разбирање. Балканскиот Полуостров не треба да стане точка на војна, туку пример за да се покаже различниот менталитет на земјите од ЕУ. Мораме да запомниме дека во другите земји многу често е црно-бело, љубов или омраза; треба да се оддалечиме од тоа да бидеме опседнати со интересите на поединечните држави[1]“, заклучи Костас Исихос, бивш заменик министер за одбрана на Грција во 2015 година.

Сите учесници на настанот беа согласни дека Балканскиот Полуостров денес повторно има геополитичка тежина, во услови на новата реалност, Студената војна 2 помеѓу Русија и Западот, како и Студената војна помеѓу САД и НР Кина. САД и ЕУ, пред се Берлин, имаат за цел да го вклучат целиот Балкански Полуостров во НАТО и во ЕУ, и да го интегрираат во својата сфера на влијание. Од друга страна, Русија, НР Кина немаат ништо против интеграцијата на регионот во ЕУ, но имаат против интеграцијата на регионот во НАТО, и расширувањето и разместувањето на НАТО воени бази и инфраструктура на Балканот.

Стефано Пилото, професор по историја на меѓународни односи на MIB School of Management во Трст (Италија), го оцени степенот на интерес на земјите од балканскиот регион за приклучување кон НАТО блокот: „За западниот свет, Европската унија е многу продуктивна економска соработка, а НАТО е инхерентно одговорен за безбедноста. Но, денес Алијансата не работи на стабилизирање на ситуацијата на Балканот. Ова главно се должи на фактот што НАТО беше создаден за време на Студената војна, а земјите од ОБСЕ го доживуваа попрво како непријател на социјалистичките земји, кој може да ги нападне во секој момент. Сега Алијансата се приближува до границите на Русија преку Балканот, предизвикувајќи закана од дестабилизација на регионот. Не сите балкански земји ќе го поздрават силното внимание од страна на НАТО[2]“.

Факт е дека Русија не може да се натпреварува ниту со ЕУ, ниту со САД, ниту со НР Кина па и со Турција на економски план, како и планот на меката сила на Балканскиот Полуостров. Како резултат на историските, културните и религиозните врски Русија ја оддржува својата силна позиција и влијание на Балканот. За разлика од ЕУ кој што му нуди на регионот интеграција во ЕУ како и создавање на „Отворен Балкан“, или за разлика од НР Кина која што го вклучи регионот во „Форматот 16+1“ (формат за соработка на НР Кина со земјите од централна Европа и Балканскиот Полуостров), или САД преку интеграцијата на регионот во НАТО, Русија денес не може да му понуди на регионот економски и интеграциски проекти какви што му нудат ЕУ и САД, како и НР Кина.

Стратегијата на Кина беше анализирана од Екатерина Ентина, доктор на политички науки, професор и заменик-проректор за наука на Вишата школа за економија, раководител на Катедрата за црноморско-медитерански студии на Институтот за Европа на Руската академија на науките: „Доаѓањето на Кина во Југоисточна Европа ја комплицираше и геометријата на односите во регионот и меѓу нерегионалните актери. Пред активното вклучување на НР Кина во балканскиот простор, тој претставуваше зона на условно вкрстување на интересите на Западот и историски условеното внимание кон регионот на Турција и Русија. Пекинг има свое проширено разбирање за регионот, а недостатокот на историската и социокултурната база и дава слобода на маневрирање на Кина. Активното зголемување на кинеското присуство беше изненадување за локалните елити, што доведе до поларизација на оценките и мислењата за целите на Пекинг на Балканот. Сепак, Балканот е осуден да биде предмет на конкуренција поради нивната геополитичка положба, а неговиот транзитен потенцијал е тој што ги привлекува кинеските колеги [3]“.

          Во моментов, сведоци сме на водењето на анти-руска и на анти-кинеска пропаганда на Балканскиот Полуостров. Информационата војна е посебно актуелна во виртуелното пространство, и таа во наредниот период ќе се интензивира. Сите оние кои што се залагаат Балканскиот Полуостров да има добри односи со сите големи светски сили, се оцрнуваат и се етикетираат во рамките на таа информациона војна. На Балканот има илјадници невладини организации, Центри за Анализа кои што се финансирани од Западот, како и голем број на медиуми, плус во активен подем е турската и кинеската мека сила, додека Русија за жал не е присутна на тоа поле на Балканот.

Федор Игнатијадис, претседател на грчко-рускиот клуб „Дијалогос“, го истакна контекстот во кој се развиваат меѓународните односи денес: „Живееме во услови на информативна војна објавена на Русија од колективниот Запад. Згора на тоа, во оваа информативна војна, нашироко се користат оние средства што не беа користени во таков обем дури ни во времето на Студената војна. „Бевме сведоци на широки кампањи за дискредитација на Русија во Грција, протерување на руски дипломати од пресилен причини. Како треба да се менуваат медиумите во вакви услови? Во овој поглед, постои поместување на семантичкиот акцент во политиката на публикации од информативната кон аналитичката компонента [4]“. Покрај овие главни теми, беше дискутирано и за актуелните прашања од „вакцинската дипломатија“, односите на балканските земји со ЕУ во ерата на миграциската криза, улогата на невладините организации во ширењето на радикализмот на Балканот. И учесниците на „Балканскиот Диалог 2021“, како и експертите кои што имаа свое излаѓање, се категорични дека Балканот поради својата историја, култура, мора да има добри односи со сите светски сили, бидејќи на Балканскиот Полуостров се пресекуваат интересите не само на светските сили како САД, НР Кина, Русија и на ЕУ, туку и на регионалните држави како Турција.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Балкан
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Русија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ЕУ и САД ја враќаат Македонија во прегратките на Белград
Следна објава Црно Море - зона на мир. Статус, перспективи, закани
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 561
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 569
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 567
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 546
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 473
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 900
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 710
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 701
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

620
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1225
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.