• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

ЕУ и САД ја враќаат Македонија во прегратките на Белград

ноември 23rd, 2021 Колумна коментари 767

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ЕУ и САД ја враќаат Македонија во прегратките на Белград

Како резултат на бугарското вето за Македонија за старт на преговорите со ЕУ, како и иницијативата „Open Balkan“ кој е дело на ЕУ и САД,  Македонија повторно се враќа во орбитата на Белград. Кусогледоста на бугарската надворешна политика во однос на Македонија, и дава на Србија шанса повторно да ја врати Македонија во својата орбита со минимални средства и труд. Главната работа за Србија ја завршија ЕУ и САД, со создавањето на иницијативата „Open Balkan“, која што е утешна награда за Западен Балкан, кој што во наредните 10 до 15 години нема да се приклучи кон ЕУ. Многувекторната надворешна политика на Белград повторно и овозможи на Србија да има доминантна позиција и влијание на Западен Балкан. Во минатата статија пишував за Бугарската политика во однос на Македонија.

Покрај тоа Србија и Македонија ги поврзува заедничко југословенско минато, заедничка историја и култура (иако има и контроверзни историски моменти во однос на периодот од 1918 до 1941 година). Србија во Македонија има моќна дијаспора, со политички партии кои што имаат свои пратеници. Србија има и силно економско влијание во Македонија. Српската култура, музика, спорт и медиуми се широко распространети во Македонија.  Во Македонија практично нема бугарски ТВ канали, весници, магазини, за разлика од српски ТВ канали, весници, магазини. Левски и ЦСКА Софија не се популарни во Македонија, за разлика од Црвена Звезда и Партизан. И во многубројните јавни истражувања, граѓаните на Македонија предност и даваат на соработката со Србија, отколку на соработката со Бугарија. Србија после распадот на Југославија па до крајот на 90-тите имаше многу силно влијание во Македонија, вклучително и врз политичките процеси, преку тајните служби. Но за разлика од Бугарија и нејзината политика во однос на Македонија, за Белград Македонија никогаш не играла централна улога во нејзината воена, надворешна и економска политика во последните 120 години.

Во меѓувреме, околу 20% од населението во земјата се Албанци, а како резултат на тоа, денес Скопје води отворена антисрпска политика и активно и помага на Приштина во нејзината конфронтација со Белград на сите нивоа. Во 2008 година, таа беше една од првите што ја призна независноста на Косово. Македонија сега активно поддржува и лобира за прием на самопрогласената република во меѓународните институции. Македонски министри, директори, владини представници, на различни самити, меѓународни настани отворено го поддржуваат Косово и ги застапуваат неговите интереси, за сметка на македонските. Тие на тој начин ја поткопуваат меѓународната положба на Македонија. Генерално, во однос на Косово (како и други политички прашања) Скопје јасно ги следи инструкциите од САД, кои понекогаш се во спротивност со политиката на ЕУ на Балканот.

Враќањето на Србија во Македонија преку „Open Balkan“

Во 2019 година, Србија, Македонија и Албанија под диктат на ЕУ и со поддршка на САД ја создадоа иницијативата „Open Balkan“ (Балканска ЕУ), мини-шенген зона за слободно движење на мигрантите за работна сила, како и движење на капитал и стоки. Иницијативата „Open Balkan“ е продолжение на Берлинскиот процес од 2014 година и е економско политичка зона со вкупно население од скоро 12 милиони, со заеднички БДП од 80 милијарди долари. Иницијативата е создадена со цел на Западен Балкан да му се даде резервна награда, бидејќи влегувањето во ЕУ на државите од Западен Балкан (со исклучок на Црна Гора) во наредните 10 до 15 години е невозможно. Како резултат на потпишаните разни документи и меморандуми, од 1 јануари 2023 година нема да има граници меѓу трите земји и движењето на луѓето, производите и услугие ќе биде слободно. Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан има за цел да ја зголеми и зајакне економската соработка меѓу трите земји. Една од најважните придобивки од овој меморандум е поедноставувањето на процедурите поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки во најголема можна мера со размена на податоци меѓу царинските и другите надлежни органи.

Централна улога и водечка сила ќе има Белград и Србија, и тоа е од стратешки карактер, со цел да се оневозможи зближувањето на Србија со Русија и со Кина, и да се спречи продорот на овие две светски сили на Балканот преку Србија. Подоцна кон оваа иницијатива треба да се приклучат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово и Метохија. Целта е да се забрза економскиот раст на овие држави, нивните економии да се интегрираат како во времето на бивша Југославија, и преку економски раст и интеграција, да се решат отворените политички, територијални и религиозни конфликти и проблеми. Во август 2019 година стапи на сила заедничкиот царински договор меѓу Скопје и Белград, чија цел е да се зголеми трговската размена меѓу земјите, и да се достигне нивото од 2008 година. Србија, инаку, е четврти трговски партнер на Македонија по Германија, Велика Британија и Грција. Трговската размена меѓу земјите во 2018 година достигна 890 милиони евра. Тоа е резултат пред се на инфраструктурните и економските врски воспоставени во времето на Југославија. Ако се погледне географски, со исклучок на Грција, Македонија е најдобро поврзана со Србија. Тоа пред се се должи на поволниот релјеф, за разлика од Албанија и Бугарија, каде што преовладуваат планински венци. Но, и покрај сето ова, во изминатите неколку години државните односи почнаа да се влошуваат.           Српската култура и јазик, филмовите и музиката, весниците и списанијата, спортистите и клубовите се многу популарни во Македонија, а меѓу народите се воспоставени силни и сигурни врски кои што не можат да бидат уништени.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Балкан
  • Дарко Тодоровски
  • ЕУ
  • Колумна
  • Русија
  • САД
  • Србија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Русија и Украина на работ на војна?
Следна објава „Балкански Диалог 2021“
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 616
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 601
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 753
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 797
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

803
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1406
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1479
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.