Светилките на Теслини бранови, е проектот на беровските средношколци, кој доби финансиска подршка од Фондот за иновации и технолошки развој, по отворениот предизвик за млади истражувачи, во вредност од 300.000,00 денари.

Беровскиот тим составен од 6 ученици : Марио Пеовски, Марија Сирачевска, Евгенија Коловска, Андреј Бубевски, Емрах Реџепов и Алиса Чиндарова, под менторство на професорите Цветанка Пеовска и Владимир Капушевски, се најде помеѓу 14 тимови, од средните училишта ширум земјава.
Финалниот настан, беше одржан во градскиот парк во Скопје.
Комисијата за избор и оценување, одлучи да им додели финансиска поддршка на проектите од дваесет основни и четиринаесет средни училишта од целата држава, меѓу кои се најде и ОСУ,, Ацо Русковски” од Берово.
На ,,Предизвикот за млади истражувачи’’, учествуваа 88 основни и средни училишта. Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март, со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите и нивниот развој , како и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.

Добиените средства, учениците од ОСУ,,Ацо Русковски” од Берово, ќе ги искористат за изработка на практичен модел, набавка на опрема, електронска табла, лаптопи и обуки.