• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Битката за Мариупол и нејзиното значење

април 19th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 591

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Битката за Мариупол и нејзиното значење

Војната во Украина трае повеќе од 54 дена, а централно место во неа има битката за Мариупол, која што трае 52 дена со несмален интензитет и жештина, и битката веќе влегува во завршна фаза. Градот на 98% е под контрола на руската и доњецката армија. Под контрола на украинската армија и националистичкиот баталјон Азов се само мега фабриката Азовстал и некои станбени објекти околу Азовстал. Но отпорот кој што го дава украинската армија веќе спласнува. Прашање на часови е кога и последното упориште во Азовстал ќе падне, и Мариупол ќе падне во рацете на Доњецката Народна Република.

После нелегитимниот државен удар во Украина во февруари 2014 година, во областа Донбас, во мај 2014 година беше организиран референдум за самоопределување. Според самопрогласените власти на Донбас тогаш, на референдумот гласале 74% од жителите на Донбас, и 89% од жителите гласале за прогласување на независност на областа Донбас. Но легитимноста на референдумот е спорна, бидејќи ниту Украина, ниту Западот не ги признаа резултатите на референдумот, а украинскиот Устав забранува такви референдуми. Русија изјави дека ги почитува резултатите од референдумот, но де јуре не го призна референдумот. Во 2014 за време и после референдумот во Мариупол се водеа градски борби помеѓу украинската војска, баталјонот Азов, против припадниците на тогашните доњецки милиции и воени групи. Почнувајќи од 2014 година украинската армија успеа да создаде повеќе линии на одбрана.

Пред војната во Мариупол живееле околу 500 000 жители, и Мариупол е град од стратешко значење, кој што излегува на Азовското море. После Одеса најважното пристаниште за Украина, со пропусна моќност од 17 милиони тони годишно, пристаниште преку кој одеше извозот на јаглен, житарици, железо, производи од железо, челик, и важни суровини за светското производство на проводници. Град од стратешко значење и за областа Донбас. Со ставањето на Мариупол под своја контрола и особено неговото пристаниште, Донбас добива можност да врши извоз по море на својата продукција, пред се на јагленот, железото, челикот и на житариците. Но делови од градот се доста оштетени во борбите, и предстои долга реконструкција и обнова. Деновиве после за прв пат после скоро два месеци, дел од децата се вратија во училиштата во Мариупол и продолжија со наставата.

Уште од антиката освојувањето на градовите, придружено со долга опсада, фронтални напади на зидовите и кулите, на тврдините во самите градови, како и со жестоки борби по улиците, се сметале за најтешки и најбрутални. Големите генерали, кралеви и императори, само во краен случај се решавале за напади на градовите, доколку долгата опсада не давала резултати, и во тој случај биле приморани со сите сили да ги освојат градовите кои што одбиле да се подчинат. Но тоа секогаш водело до големи разрушувања, цивилни жртви, но и воени загуби, за кои што потоа требало време да се надополнат.

Во 21 век битките за градовите, односно битките во урбаните средини се својствени за Блискиот Исток, но не и за Европа. Светот, а посебно Блискиот Исток ги памети битката за Фалуџа во 2004 година, битката за Алепо која што траеше од 2012 до 2016 година, битката за Мосул која во 2016-2017 година, битката за Рака 2016-2017 година. Во Европа владееше мислење дека таквите жестоки битки во градовите се минато, и дека во Европа таква војна не може да се случи. Така беше се до почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, на 24-ти февруари, 2022 година.

На почетокот на битката за Мариупол, градот го бранеа повеќе од 14 500 припадници на украинската армија. Пред се маринците од 36-та бригада, плус артилериски единици и тенковски и моторизирани чети, баталјонот Азов, припадници на специјалните единици армијата и на полицијата на Украина, плус странски доброволци и платеници.

Во воените операции за завземање на градовите, уште од антиката, оној кој што напаѓал морал да има надмоќност од три и повеќе пати во бројот на војници, доколку сакал да го завземе градот. Во битката за Мариупол руската армија плус доњецката армија ангажираа околу 45 000 војници. Од руската армија се ангажирани разни единици на 58-та армија, а од Доњецката припадници на баталјонот Сомали, специјалниот батаљон Спарта и други единици, плус припадници на елитната приватна воена компанија Вагнер. Плус огромен број на тенкови, борбени возила, ударни дронови и разни видови на борбени авиони. Етапно, единиците кои што напаѓале, пешадијата со помош на тенковите и борбените возила како заштита напредувала низ кварталите на Мариупол. Артилеријата, борбените авиони и дронови им го чистеле патот, и ги минимизирале загубите на единиците кои што напаѓале, а истовремено им задавале страшни загуби на бранителите, односно на украинската армија.

Украинските војници и припадниците на Азов плус странските платеници и доброволци од НАТО држави се блокирани на Азовстал и нивната судбина е решена. Нивниот број е околу 2 500- 3 000, од кои 50% се ранети. Останати се без муниција, храна, вода, лекарства.

Иако Русија неколку пати им нудеше да го предадат оружјето во замена за животот тие одбија. Руската армија нема да ја освојува фабриката Азовстал – Министерството за одбрана на Руската Федерација изјави дека целата област на фабриката ќе биде разрушена како резултат на “Тепих бомбардирање” со високоексплозивни воздушни бомби ФАБ-500(бомби од 500 кг), ФАБ-3000 (бомби од 3000 кг), и ФАБ-5000 (бомби од 5000 кг) кои ќе бидат фрлени од суперсонични стратешки бомбдардери Ту-22М3, а потоа на сцена ќе стапат ракетите фрлачи со термобарични ракети – ТОС-1А „Солнтсепек“. На пешадијата ќе и преостане само да го заврши чистењето од преостанатите живи украински војници.

Од 14 500 војници во Мариупол останати се само 2500 – 3 000. Околу 2 000 се предадоа, а според проценките околу 3 000, пред се војници од Мариупол, го оставиле оружјето и се вратиле во домовите. Плус некои успеале да избегаат заедно со бегалците. Според проценките загинати се околу 6 500 украински војници. Баталјонот Азов после битката за Мариупол ќе престане да постои како организирана воена единица. Меѓу заробените и убиените има и странски доброволци и платеници, пред се од Велика Британија, Мароко и САД.

Падот на Мариупол плус големиот број на убиени и заробени војници ќе има голем психолошки ефект врз Украина, и може да доведе до проблеми за претседателот Зеленски. Падот на Мариупол ќе има поголем и посериозен ефект врз Украина, отколку воените порази на украинската армија од доњецката и луганската народна армија во битките за Иловаиск и Дебалцево во 2014 и 2015 година. После поразите во тие битки Украина тогаш ги потпиша мировните договори Минск 1 и Минск 2. Зеленски дури изјави дека доколку Русија го завземе Мариупол тој ќе ги прекине мировните преговори со Русија. Но реално Украина не направи ништо за да го деблокира Мариупол. Русија и Донбас изјавија “Одиме до крај”. Заземањето на Мариупол ќе и овозможи на Русија да го минимизира шокот и незадоволството на граѓаните на Русија после потопувањето на крстарицата Москва, главниот брод на Црноморската флота.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика
Следна објава Агим Нухиу: Се финализира новиот Предлог закон за помилување!
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

697
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1234
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.