Бомбиците се дефинитивно тренд во исхраната. Најмногу поради нивната едноставност при подготвување но и поради неодоливиот вкус. Се приготвуваат многу лесно, најчесто за нив се доволни само неколку состојки, а и се далеку поздрави од купечките десерти.
Пробајте ги овие чоколадни бомбици, за кои се потребни само 5 состојки, од кои 2 се зачини, а ќе ви бидат доволни половина час за да ги приготвите.
Потребни состојки (за 24 помали топчиња):
- 200 грама кандирани урми
- 2 супени лажици кокосово масло
- 1 кафена лажичка рум (може и без неа, доколку не сакате вкус)
- Прстофат сол
1. Проверете дали урмите се меки. Доколку не се, потопете ги во вода и оставете ги да отстојат најмалку еден час.
2. Урмите исчистете ги од семките, па заедно со какаото, кокосовото масло, румот и солта ставете ги во блендер. Блендирајте неколку минути додека смесата не стане мазна. По потреба, доколку смесата е премногу густа, додајте една лажичка вода.
3. Од смесата направете топчиња така што ќе ги вртите помеѓу дланките. Бидејќи имаат интензивен вкус, нека бидат помали. Оваа смеса ќе ви биде доволна за отприлика 24 топчиња.
4. По ваш избор, секое топче декорирајте го со малку какао во прав, кокосово брашно, рендано чоколадо, мелени бадеми или лешници. Можете да ги чувате во фрижидер неколку недели.