Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев на прес конференција од партиското седиште во јавноста ја изнесе својата визија за модерна и развиена општина Зрновци.
“Почитувани,
пред нас се претстојните локални избори. Избори на кои што оицторно ние граѓаните на општина Зрновци же испишаме победничка историја за нашата општина Зрновци, за политиките на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Во минатите години покажавмe и докажавме дека само сплотени со многу труд можеме да ја постигнеме целта. Да од општина Зрновци изградиме прекрасно место за живеење, светла дестинација за туристите и посетителите- успешна Македонска приказнa, преку реализирање на огромен број проекти. Успехот не е случајност. Тоа е напорна работа, пожртвуваност, истрајност, учење и многу љубов кон она што го правите и создавате за својата општина, за своите сограѓани. А тоа го должиме на помладите и идни генерации. Не чекаат нови 4 години посветеност, градење и развивање, со искрено и одговорно ветување, за реализирање на нашата предизборна програма за работа која што содржи огромен број идеи, проекти и решенија.”
-рече Борчо Коцев-кандидат за градоначалник на општина Зрновци на прес конференцијата која што во целост може да ја погледнете во сл. видео:


