Во чест на празникот Св. Климент Охридски – патронот на градот Охрид, се очекува богата , забавна, културно – уметничка програма.
Ќе се реализираат бројни настани кои ќе започнат на 5 декември.
Програма: 05.12.2018 г. (среда)
• Изложба на книги: „Свети Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла“ 17.00 часот НУ Библиотека “Григор Прличев” (Прличева одаја)
• Свечена приредба на ОУ „Св. Климент Охридски” 19.00 часот НУ Центар за култура „Григор Прличев” 06.12.2018 г. (четврток)
• Традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“ 18.00 ч. НУ Центар за култура „Григор Прличев“ (изложбен салон)
• Музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ 19.00 ч. ОМУ „Методи Патче“ • Свечена приредба на ОСУ„Св.Климент Охридски“ 19.00 ч. НУ Центар за култура „Григор Прличев“ 07.12.2018 г. (петок)
• Промоција на книгата „Дојди во Охрид”- антологија на песни за Охрид (приредувачи: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски) 12.00 ч. Општина Охрид (голема сала)
• Изложба на фотографии : „По трагите на светите Кирил и Методиј” (коорганизација на општина Охрид, Амбасада на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека) 18.00 ч. Куќа на Уранија – МАНУ
• СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 8-ми Декември – ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ОХРИД 20.00 ч. хотел Инекс Горица (дијамантска сала) 08.12.2018 г. (сабота) • Поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски 10.00 ч. Манастир „Свети Климент и Пантелејмон” – Плаошник
• Полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски 10.30 ч. ОУ „Св.Климент Охридски“ (училиштен двор)
• Полагање свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски 11.00 ч. Градски плоштад „Св.Климент Охридски“
• Промоција на книгата „Охридска писменост“ од проф.д-р Димитар Пандев;
• Oтворање нова етнолошка поставка на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид 12.00 ч. Куќа на Робевци