Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се одзва во јавноста по повод донесената резолуција во предметот во јавноста познат како „Теретана“ од страна на Јавното Обвинителство на Република Македонија.
Според оваа резолуција
…”нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19″.
Исто така
…”на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди.
Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност.”
Мицкоски овој случај го карактеризира како класична монтировка со цел за да се дефокусира јавноста од криминалот на власта како и од продажбата на светите работи за Македонските граѓани.
Во продолжение во целост го пренесуваме ставот на Христијан Мицкоски во врска со овој случај:
“3 години целата јавност е сведок на најбрутална црна кампања спроведена врз мене. Преполна со лаги, измислици, подметнувања и клевети.
Потпомогнати со еден куп медиуми платени со парите на мафијата, дел уценети за својата слобода, чија задача е да се тргне вниманието од продажбата на светите работи, криминалот и немањето на резултати кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
Нивното обвинителство не можејќи да најде ниту една темна дамка во моето однесување, денес објави дека нема ништо од случајот “Теретана”, дека не е прекршено ниту едно правило, или несовесно постапувано, наспроти целокупното брутално лажење на СДСМ пред изборите на оваа тема. Доведоа до ранг да е престап и злосторство спортувањето на Водно, а упропастувањето и продавањето на државата да викаат дека е блескање. Претходно правеа конструиран случај од хидроцентралите, па повторно нивната Државна комисија за спречување на корупцијата излезе и рече дека се работи за чист случај.
Секоја лага која ќе ја смислат Заев и мафијата им се распрснува. Како што лажеа за случаите “Теретана” и хидроцентралите брутално манипулираат за сѐ друго. Но, вистината е една и единствена.
Бродот ќе им потоне, се препелкаат во сопствените лаги.”