На денешен ден (03.10.1995 година) во раните утрински часови беше извршен атентат врз првиот Македонски претседател на Република Македонија Киро Глигоров (Штип, 3 мај 1917 – Скопје, Македонија, 1 јануари 2012).
Роден како Киро Панчев на 7 годишна возраст го добил името Ќирило Глигоровиќ од неговиот учител во Штип. во 1928 година се запишал на тогашната штипска прогимназија која ја завршил во 1932 година. Своето школување го продолжил во Скопје во машката гимназија во периодот 1032-1936 година.
Во Белград на Правниот факултет го продолжил студирањето а Втората светска војна го затекнува како приправник во адвокатска канцеларија во претстолнината на Кралството Југославија.
Бил близок соработник на Кузман Јосифовски Питу и учесник на Првото заседание на АСНОМ како записничар.
Во СФРЈ бил носител на повеќе високи државни функции.
Како прв претседател на независна и суверена Република Македонија е избран на 27 јануари 1991 година со гласање на пратениците од првиот повеќепартиски парламент во Македонија.
Таа функција ја извршуваше се до 1999 година кога беше избран новиот втор Претседател на Република Македонија Борис Трајковски.
На 3-ти октомври во 09.50 часот пред тогашниот скопски хотел Бристол со автомобил бомба беше извршен обид за атентат врз Киро Глогоров кој што до ден денес се уште не е расветлен.


