За првпат во пишаната историја на човештвото, симболично “црврно знаме на смртта” на Иран е надвиснато над светата купола на познатата џамија Џамкаран во Иран.
Во текот на денешниот ден црвено знаме кое ја симболизира војната која што надоаѓа е развиорено во Иран. Ваквиот запрепастувачки чин следува по убиството на Генералот Шахид Касим Сулејмани. Историчарите велат дека вакво знаме сега за првпат во историјата е подигнато од страна на Иранската влада, што ја симболизира новата ера на тензии и ослабена дипломатија меѓу Иран и САД.
Според западни медиуми зборовите кои се испишани на знамето се:
“Оние што сакаат да ја одмаздат смртта на Хусеин”.
Голем број на западни медиуми известуваат за многубројни најави од страна на официјални ирански лица за воени напади на мети на САД во Блискиот Исток, вклучително и воени бродови кои што се наоѓаат во Персискиот залив.


