По повод умното, емотивното и татковски загриженото излагање на Зоран Заев, во целост (интегрално) го препостирам мојот текст „Мара ќе ја мажат“ од 12.09.2018. Било кој коментар е повеќе од одвишен, како што и многу други нешта се одвишни.
„Одлучиле Мара да ја мажат. Таа не сака, ама тие сакаат, оти ќе било добро за нејзино добро. Башка, и името ќе ѝ го смениле, со што уште поарно ќе ѝ било. Мара не сака, ама тие сакаат, оти…
П.С. Не знам дали сказната е точна. Но, каква и да е, сѐ ми се чини дека не ќе е на арно, оти многу арно не е на арно. Во прилог на ова, оди и бројот на стројниците. Што точно на Мара ѝ се подготвува, не знам. Но, дека сведба ѝ се подготвув – тоа е повеќе од сигурно. За нејзино добро, велат.“