Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ попладнево беше присутен помеѓу жителите на село Ѕвегор. Слушајки ги проблемите на жителите на селото, Трипуновски разговараше за можните решенија на истите, особено во секторот на земјоделието, шумарството и водоснабдувањето. Селото мака-мачи со вода за пиење а неколкуте земјоделски стопанства во селото едвај врзуваат крај со крај.
Жителите на село Ѕвегор упатија до Цветан Трипуновски повеќе нивни предлози и сугестии на кој начин во земјоделието во иднина да се надминуваат тековните проблеми.
Зборувајки на настанот за отварање на граѓанскиот штаб на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски, Цветан Трипуновски ја нагласи важноста на претстојните избори кои што ќе го најават конечниот пад на актуелната ненародна и штетна влада предводена од Зоран Заев.
Заедно со Д-р Николчо Стојменовски пред големиот број присутни граѓани Цветан Трипуновски ја најави досега најголемата победа на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како и кандидатите за советници на претстојните избори на 17 Октомври.


