Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски во рамки на своите посети на населените места во Делчево најдиректно се среќава со проблемите на жителите со кои што мака мачат во своите секојдневние.
Еден од најгорливите проблеми на општина Делчево во целост е постојаното исселување на жителите како од селските така и од самиот град. Дали станува збор за привремено или постојано вработување во странство или пак поради редица други причини Делчево во континуитет е соочено со овој своевиден егзодус на своите жители.
Чичко Бобан од село Ѕвегор е еден од оние напатени жители на Длечево чиј што син се наоѓа на работа во Италија со кој што има можност да се гледа само преку мобилен телефон и преку камера.
За оваа состојба своја порака упати Д-р Николчо Стојменовски кој ја изрази во јавност својата определба ваквата поразителна состојбада започне да ја надминува во неговиот нареден 4 годишен мандат како градоначалник на Делчево.
“Да се будиш и легнуваш со мисла за следните неколку минути радост со твоето чедо, да живееш за “Како си тато, како си мамо?” преку камера, е можеби најтешкото што еден родител го минува во својата старост. Чичко Бобан е еден од многуте такви намачени родители – ѕвегорци, намачени родители – делчевци кои живеат разделени од своите деца. Иако е за нивно добро, за нивна подобра иднина, време е таа подобра иднина да ја создадеме тука – во Ѕвегор и Делчево. Чичко Бобан ќе гласа за таква иднина. Дури и неговиот син преку камера ми го рече истото. Ако сакате подобро утре, гласајте за иднината. Таа почнува со број 7!”
-напиша на фејсбук кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски.


