Со своја реакција на отвореното писмо на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во јавноста се обрати Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
“Се јави Љупчо Николовски откако го искешира Заев со 1.4 милиони евра, седнал да пишува писма колку е загрижен за земјоделците. Љупчо Николовски, наместо да пишуваш писма, или да објавуваш што некој друг ти напишал, организирај откуп за зелката, краставицата, доматот и јаболката.
Земи обезбеди извоз по високи цени на оризот уште од сега, светска криза е, сите земјоделски држави книжат профити, а тебе како министер произведеното ти скапува на нива. Нели ти е срам? Мизерно и одраз на најголема неспособност е да си министер за земјоделство во ек на најголема светска криза за храна, а храната произведена од твоите земјоделци да скапува по нивите, и да не можеш да организираш пласман.Цените на раноградинарските култури во Европа и Блискиот Исток рушат рекорди, а македонската зелка, краставици и домат скапува на нива или се продава по ниски цени. Љупчо Николовски заедно со Заев неартикулирано викаше по митинзи дека ќе има високи откупни цени и сигурен пласман за земјоделските производи уште пред 5 години. Но и по половина деценија нема ништо од тоа.Од година во година површините на посеви и засадени површини се намалуваат, а земјоделците наместо во Македонија одат да аргатуваат по нивите во странство. Не се проблем никакви закони, туку неспособноста на СДСМ.”
-соопшти за јавноста Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ