Интернет апликацијата на Управата за јавни приходи (достапна тука) не е обезбедена со безбедносен протокол за поднесување на даночна пријава од страна на корисниците, со што можностите за хакирање на оваа интернет алатка се зголемени повеќекратно а со тоа и безбедноста за податоците на корисниците на истата кои ги внесуваат во самиот систем е намалена драстично.
Дали станува збор за незнаење, неструлност или неажурност на одговорните лица за непречено функционирање на оваа интернет алатка не е јасно, но јасна е потребата овој безбедносен пропуст да биде надминат што е можно побргу!
УЈП си работи без серификати за сигурност..Дојде живот дечки.Сега секој будала може да хакира финансии во Македонија. Врв на неспособност. Ма какво име.. каква држава .. #УЈП #бојкотирам @cherga_omnes pic.twitter.com/6dFsFWYXtD
— чкембарот #можеме (@chkembarot) October 30, 2018