Дали и првиот човек на Стопанската комора на Македонија игра на музиката која од Илинденска ја свири оркестарот на Зоран Заев?
Ваквото прашање во јавноста се наметнува откако првиот човек на Стопнанската комора на Македонија по средбата со министрите од економската сфера во владата на Зоран Заев, Бесими и Битиќи се обрати во јавност кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочела во собрание законите со кои треба да им се помогне на Македонските компании.
Во услови кога владеачката СДСМ има парламентарно мнозинство за да изгласа доверба за опстанок на Владата на Зоран Заев, Бранко Азески бара од опозицијата одговорност за изгласување закони во парламентот, без притоа ни да се посомнева во намерите и капацитетот на владеачкото мнозинство за решавање на проблемите во стопанството како владеачка коалиција која ги има сите механизми на државата на располагање.
За ваквата поданичка улога на првиот човек на Стопанската комора на Македонија кон власта која е најодговорна за состојбите во државата, предводена од Зоран Заев, своја реакција упати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
“Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа те прави, и покрај сето искуство, недостоен. Па и во минатите режимски времиња од едно мислење не се обвинувало, судело и пресудувало, осудениот имал право на свое мислење. Но, ете…, тоа е нашата бизнис елита, а требаше да биде авангарда, кога веќе Владата не ја бива. Нема да слушнеме збор или два за најкорумпираната и најкриминалната Влада на Балканот, заробените институции, обвинителства и судови, дебаклот во економијата, изгубените работни места, неуспешните реформи во образованието, имунизацијата со ваксајнс, рекордите по заболени и починати од корона…., аааа не за тоа нема да прочитате од бардот на македонската стопанска комора, но затоа врз основа на тоа што му го кажале Битиќи и Бесими тој веднаш го впери прстот кон опозицијата и лаконски ја осуди без притоа да ја слушне таа што има да каже. Е па господине Азески имате погрешни информации, ве излажале, ве наседнале, жалам, очекував повеќе од вас…, вистината е поинаква и да, еве ви ветувам вака јавно кога тие закони навистина ќе дојдат во парламентот, ќе ги поддржиме. Ние сакаме да бидеме партнери со бизнисот, а не да ве рекетираме, ние сакаме да спасиме повеќе работни места, а не да фингираме, ние сакаме поинаква Македонија, охрабрете се, застанете со нас, до вистинските вредности, оставете ги овие мафијаши од власта, одбројани им се деновите. Ве поздравувам и Ви посакувам подобри бизнис резултати и повеќе спасени работни места и помалку да дозволувате да бидете лажени од луѓе што во својот живот шајка не заковале.”
-стои во реакцијата на Мицкоски.


