Јавното Комунално Претпријатие “Солидарнист” од Виница веќе два месеци нема исплатено плата на своите вработени. Дополнително вработените биле оставени 10 дена без здравствено осигорување. Но ваквата состојба не им пречи на менаџментот на претпријатието да вршат постојано вработување на нови вработени за кои од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница обвинуваат дека се со несразмерно голем број. Во вакви услови на превработеност на ова јавно претпријатие од опозициската партија ја алармираат јавноста дека имаат најави за вработување на нова поголема бројка луѓе, која се очекува да биде реализирана во периодот пред изборите кои е најавено да се одржат во октомври.
“Почитувани сограѓани,
Најнетранспарентното Јавно комунално претпријатие во источниот регион, ЈКП Солидарност веќе 2 месеци нема исплатено плата на своите вработени, 10тина дена вработените се оставени и без здравствено осигурување!
Сепак милионските загуби со кои работи ЈКП Солидарност и неможноста да исплати плата на вработените, не беа пречка за директорот Александар Трајков непосредно пред парламентарните избори минатата година да распише и реализира оглас за 17 нови вработувања.
Дополнително речиси секојдневно во ЈКП Солидарност сме сведоци на нови вработувања на определено и преку Агенцијата за привремени вработувања, а се погласни се најавите и за распишување на уште еден оглас за исто толку вработувања, во пресрет и на локалните избори оваа година.
Ова е вистинското лице на СДСМ, сосема различно од она кога беа во опозиција кога жестоко обвинуваа за превработеност во ЈКП Солидарност, за нетранспарентно и недомаќинско работење и ветуваа отворена општина и институции и живот за сите.”
-стои во реакцијата на ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ВИНИЦА упатена преку социјалните мрежи.


