Градоначалникот на Општина Карбинци на социјалните мрежи сподели своја објава со тврдење дека Карбинци бара настава во школо.
Во врска со ваквата објава на градоначалникот од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ упатија повеќе прашања до градоначалникот во врска со образовниот процес во општината.
Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот на Виктор Паунов- претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци:
“Општина Карбинци бара настава во школо?
Прашања до градоначалникот во заминување:
1.Како ќе се одвива наставата во училиштето во Крупиште?
Ветуваше пред избори дека ќе се санираат штетите од пожарот, веќе година ипол оваа зграда е во ваква состојба.
2. Дали во училиштето с.Таринци се пие исправна вода за пиење или сеуште е загадена и забранета?
3. Дали наставата во новата учебна година ќе започне во новото училиште во Таринци?


