Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку своја реакција на социјалните мрежи ја коментираше постапката на Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Беслиимовски со која се жалеше кон повеќе претставници на дипломатскиот кор во државата за наводен притисок врз својата работа.
Мицкоски посочи на поранешно соопштение на СДСМ со кое што владеачката партија сакајки да придобие повеќе политички поени кај граѓаните им наредува на членовите на регулаторната комисија да ја намали цената на парното за домаќинствата за цели 30 проценти.
Во таа прилика молкот на Марко Беслиимовски беше поголем од тишината во вакум просторот во вселената, а сега кога реагира опозицијата Марко Беслимовски кука и плаче каде што ќе стигне.
“Во времето кога Бислимоски му слугуваше на Заев, тогаш барањата на СДСМ не беа “притисок” врз регулаторна.
Денес повторно му слугува, само со спротивни ставови од тогаш. Двојните стандарди се лоша работа.
Бараме поевтина струја за цел народ. Поскапата струја, значи посиромашен народ.”
-напиша по тој повод Мицкоски на фејсбук.


