Откако во јавноста излезе информација пред неколку денови дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најпрво бил позитивен на тестот на Корона вирусот за потоа синоќа да соопшти дека е негативен македонските граѓани наголемо почнаа да се сомневаат во исправноста на резултатите од тестирањето на Ковит-19. Сомнежите на граѓаните одат дотаму што се скептични дека состојбата со заразеноста со Корона вирусот во Македонија се користи од страна на властите како оружје за пропаганда и пресметка со поединци а резултатите од тестирањето вештачки се штелуваат во прилог на дневно политичките потреби на властите.
Стигматизацијата од страна на врвот на СДСМ и нивните продолжени партиски раце на социјалните мрежи во изминатите неколку денови која ја доживеа градоначалникот Максим Димитриевски откако тој реагираше во јавноста за несоодветната реакција на власта во однос на справувањето на кризата во Куманово, говори токму во тој правец на злоупотреба.
Повеќе од очигледно беше несогласувањето на врвот на СДСМ и актуелниот премиер Оливер Спасовски со градоначалникот на Куманово како во битката за политичка превласт во општинската организација на СДСМ во Куманово, така и во системот на борбата за заштита на граѓаните од ефектите на ковит-19 вирусот.
Претходно со ставање во карантин извесно време беше отстранет од активниот политички живот и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
За ваквата појава реагираше и Александар Пандов кој на социјалните мрежи напиша:
“Само во ваква банана држава, каква што е сега Македонија, може вакво дупење во здрав мозок. Верувам и во најтоталитарните режими, не им текнало сега своите политички непријатели да ги елиминираат со тоа што човекот ќе го прогласат за ,,позитивен“ на корона и го пикаат две недели во домашен притвор, која тие ја нарекуваат самоизолација! Така му направија на Мицкоски, така му направиле и на Максим. Значи нема порасипани луѓе од врхушката на СДС!”