Денеска во Владата на Република Македонија на прес конференција Бујар Османи, Горан Сугарески со Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта промовираа потпишување на Договор за изградба на 2 km кои што се дел од автопатот на релација Скопје- Граничен премин Блаце.
Бујар Османи на прес конференцијата го истакна значењето на изградбата на овој автопат за поврзување на Скопје и Приштина односно меѓу Македонија и Косово. Притоа тој изрази огромно задоволство што оваа влада на СДСМ и ДУИ го започнала овој проект.
Во своето ображање на почетокот од прес конференцијата, Бујар Османи призна дека станува збор за мала должина на автопат но самоит чин на почнување на проектот ќе значи дека отстапки од идната изградба во иднина на овој автопат же нема и истиот ќе се реализира во иднина.
Притоа на прес конференцијата Бујар Османи се обрати и на Албански јазик при што ја запозна јавноста за технички поединости околу изградбата на овие 2 км на автопат кој што го промивираа денеска. Тој напомна дека со изградбата на овој автопат Скопје и Приштина ќе се патува за помалку од 1 час.
Во продоление на прес конференцијата се обрати и Министерот за транспорт и врска Горан Сугаревски, кој ги напомна определбите на власта предводена од СДСМ за сообраќајно поврзување на Македонија со соседните земји.
Ваквата декларативна изјава по малку звучи и неверојатно со оглед што ваквите празни дела не се поткрепени со конкретни реализирани проекти, кои сега во очи на избори се обидуваат да ги пласираат во јавност како реализирани заслуги на актуелната власт.
Директорот на ЈП за државни патишта исто така ја истакна важноста за денешното потпишување на договорот за изведба на овие два километри автопат.
Работите треба да завршат за 18 месеци во вкупен износ на чинење од 12,2 милиони евра.
Конечно оваа влада со многу работа успеа овој проект да стане реалност,
-истакна директорот на прес конференцијата.
Додека со потпишувањето на овој договор за изградба на два километри автопат кон граничниот премин Блаце на северната граница на Република Македонија, Источниот (Брегалнички) регион и понатаму останува со најкатастрофалниот и најнебезбедниот регионален пат Кочани-Виница-Македонска Каменица- Делчево во државата и пошироко на Балканот, каде во променливи услови на микроклиматски состојби се уриваат карпи и делови од ридишта над самиот пат.
Дефинитивно во иднина властите во државата мораат да смогнат сили за решавање на овој горлив проблем на регионално поврзување на овие општини со остатокот од државата преку довршување на имплементацијата на проектот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип-Делчево (Црна Скала) кој започна да се реализира уште во 2010 година.

Барања за вметнување во плановите на Владата на Зоран Заев за претходната но и оваа 2020 година имаше во изминатиот период од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но парламентарното мнозинство беше глуво за ваквите амандмански предлози на Буџетот контролиран од Зоран Заев.


