Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните делови, а во вечерните часови и во крајните југоисточни делови. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Tемпературата ќе се движи од 9 до 15 степени Целзиусови.
До вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда ќе има врнежи од снег но по планините.
А од среда , во наредните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.


