• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Денеска се празнува ликот и делото на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”

мај 24th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 865

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Денеска се празнува ликот и делото на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Родени се во Солун во IX век во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот во солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. Најстариот од седумте деца на Лев и Марија, Методиј е роден околу 815 година, а Константин бил седмо дете и е роден во 826 или 827 година, во монаштво го добил името Кирил. Како дете го учел напамет големиот христијански беседник Григорије Богослов и се истакнувал во учењето поради што му овозможиле да се школува во познатата Магнурска школа во Цариград која имала ранг на денешен универзитет. Тука се истакнувал како извонреден мислител богослов и апологет на христијанството. По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршка библиотека во Цариград од каде што заминал во еден манастир на Босфор каде што останал околу шест месеци.

За постариот брат Методиј многу малку се знае. Не се знае дури ни неговото крстено име, а името Методиј го добил во монаштво. Се знае дека бил управник на некоја словенска област околу десетина години по што заминал во манастир на планината Олимп во Мала Азија каде што се закалуѓерил. Со брат му Константин учествувал во двете важни мисии Хазарската и Моравската.

Константин (Кирил) по престојот во манстирот на Босфор бил поканет за професор во Магнурската школа каде предавал филозофија при што и се истакнал поради што го добил прекарот Филозоф. Од страна на византискиот двор Кирил и Методиј биле ангажирани во три мисии Арапската, Хазарската и Моравската, а Методиј учествувал само во последните две. Константил (Кирил) имал само 24 години кога бил испратен во т.н. Арапска мисија кај Сарацените. Со нив водел полемики за повеќе верски прашања, а се запознал и со нивниот живот и обичаите. Од 860-861 година Кирил и Методиј престојувале кај Хазарите, а како најважна за двајцата браќа се смета мисијата во Моравија која е важна и за иднината на сите Словени. Иницијативата за оваа мисија ја дал моравскиот кнез Ростислав, кој за да ја стабилизира својата држава презел мерки за решавање на црковните прашања, за што побарал помош од Византија. Ростислав барал да му бидат испратени и учители и епископ, но Византија која тогаш се соочувала со заострување на односите во самата црква меѓу исток и запад ги испратила само учителите Кирил и Методиј. Словените тогаш немале букви а Кирил морал да се зафати и со таа работа да состави азбука и да ги преведе најнеопходните книги на словенски јазик. За составување на првата словенска азбука (глаголицата) за првите три преводи Кирил го искористил јазикот на македонските словени од Солун и околината.

Во Моравија Кирил и Методиј биле дочекани со воодушевување од страна на кнезот Ростислав, но и со жесток отпор од страна на германските свештеници. Во 864 година настанале тешки мигови за Моравската држава а Константин и Методиј кои се соочиле со голем отпор од германските свештеници тргнале кон Венеција, а на пат кон таму минале низ Панонија каде биле гости на словенскиот кнез Коцељ, кој го засакал нивното учење. За време на престојот во Венеција Кирил водел полемика со другите свештеници дека божјото слово не треба да се проповеда само на три јазици, еврејски, грчки и латински, туку и на други јазици затоа што е несфатливо да се проповеда на јазик кој е неразбирлив за верниците. Кога разбрал дека се во Венеција папата Никола Први ги повикал браќата во Рим каде ги пречекал новиот папа Хадријан Втори, бидејќи во меѓувреме папата Никола Први умрел. Свеченоста била уште поголема бидејќи тие ги носеле моштите на папата Климент Први кој поради маченичката смрт уживал голем углед кај римјаните. Папата тргнувајќи од некои интереси на светата столица, свесен за популарноста на Кирил и Методиј ги прифатил нивните барања и дозволил богослужба во Рим на словенски јазик со што го признал овој јазик за службен во црквата. Методиј го прогласил за свештеник, а Константин го унапредил во повисок калуѓерски ред со што го добил името Кирил. По големите настани болеста го совладала Кирил и тој починал во Рим на 27/14 февруари 869 година. Погребан е во Рим, каде и денес почиваат неговите мошти во црквата Свети Климент.

Методиј во 870 година дошол во Моравија за да го шири христијанството, но Ростислав бил симнат од тронот а Методиј кој останал без заштита бил затворен, а ослободен бил во 873 година со залагање на папата. Чувствувајќи го својот крај во 884 година зел двајца ученици и за шест месеци ја превел Библијата на словенски јазик. Пред смртта го одредил Горазд за свој наследник. Умрел на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По неговата смрт германските свештеници жестоко се пресметале со неговите ученици. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, а дел биле протерани преку Дунав на југ. Меѓу овие биле Климент, Наум и Ангелариј, а Климент и Наум подоцна дошле во Охрид каде со голема страст го продолжиле делото на своите учители.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Совршени идеи за љубителите на тетоважите, идеални за летниов период
Следна објава Надал во финалето го победи Ѓоковиќ и ја освои 34-та Мастерс титула
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 889
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 915
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 565
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 567
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 798
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 585
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

746
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1086
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.