• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Димо Хаџи Димов со своите тези за Македонското прашање актуелен и денес

септември 14th, 2021 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 598

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Димо Хаџи Димов со своите тези за Македонското прашање актуелен и денес

Димо Хаџи Димов (1875-1924), е истакнатиот македонски народен трибун, социјалист, идеолог на македонското ослободително движење. и публицист.Неговиот татко Хаџи Димко бил истакнат македонски преродбеник, кој бил често апсен од турските власти и морал да побегне во 1789 година од Серско во Дупница, Бугарија. Таму неговиот син Димо Хази Димов завршил основно училиште, а во 1891 година се запишува на Педагошката гимназија во Ќустендил. Таму ќе биде под влијание на социјалистичките идеи на својот учител Ефрем Каранов.

По завршувањето на училиштето во 1894 се запишал на правниот факултет во Софија од каде бил избркан заради напредните идеи. Извесен период работи како како учител во Дупница.

Бил истакнат член на ТМОРО и еден период бил борец во чета во Малешевско и Серско. Бил близок пријател со Гоце Делчев, Јане Сандански, Васил Главинов и П.К.Јаворов. Посебно се спријателува и станува духовен учител на Јане Сандански, за кого ќе се грижи како за свој роден брат. Познат е како сандинист.

Бил присутен во селото Баница, кога во битката со турската војска загинал Гоце Делчев. Димо Хаџи Димов се извлекол од селото и кон крај на мај се вратил во Дупница. По Илинденското востание бил идеен водач на левото крило на ТМОРО.

Својата револуционерна дејност ја развил и на теоретско поле во одбрана и заштита на македонската самобитност и самостојност. Тој е едн од авторите на Директивата за идната дејност на организацијата. Учетвува во уредувањето на органот на ВМРО „Револуционерен лист“ од јуни 1905 година, во кој се формираат најсуштинските цели на Внатрешната организација. Бил и уредник на овој весник по Рилскиот конгрес.

Својот непоколеблив став тој најпродлабочено го разработи во книгата „Македонското прашање” (Дупница, 1901). Неговите ставови за европската дипломатија се интересни и од денешен аспект, па затоа овде ви презентираме изводи

„Македонското прашање”…

Ослободувањето на Македонија не може да биде друго освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат најјарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на Македонија и е пишано да се ослободува исклучиво по дипломатски ред, без активното учество на самите Македонци, кое е мошне неверојатно, тогаш овој „Хуман”, како што ќе го наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спекулативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да зборуваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите старателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се забораваат и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани. Да! Се подбиваат, зашто наместо да издигнат еден измачен народ на нозе, за да почне да задише слободно, кое можат да го сторат само со еден збор: „да биде слободен” – тие го оставаат на дивиот човечки произвол олицетворен во една грозна и убиствена тиранија, каква што е турската… А зошто сето ова е така, рековме веќе. Робот се валка во калта на моралните и физички страдања, во калта, во ужасната кал на теророт, неморалот и насилствата, само за тоа зашто царува меѓусебна недоверба меѓу големите сили, отпечатени врз нивните противречни претензии на Исток.

Таква е положбата. Злосторничкиот турски режим е неподнослив за македонското население и антагонизмот меѓу последното и владејачкото племе ќе се заврши со револуција. Револуцијата се јавува како логичка последица од одот на работите во Турција. Спор може да станува само за времето кога ќе се почне. Ги следи ли официјалниот европски свет овие настани од внатрешноста на турската империја? – Со најнапрегнато внимание. Ние со два збора ќе го карактеризираме тоа внимание. Ние видовме дека политичката смрт на турската империја е веќе потпишана од европската дипломатија. Последната не направила до сега ниту еден обид за општо свестување на таа земја, зашто по актот за смртта тој е ненужен; поради истите сообразувања нема да направи обид и по делумното македонско прашање пред да пристапи кон конечното расчистување на сметките со „болниот” човек. Зошто? Затоа за да се наложи во Македонија со сите гаранции еден културен поредок, ќе рече да се признае виталноста на турското племе, а тоа е ветено на заграбување. А дали е можно воведувањето на реформи во Македонија? Се разбира, ние не ги очекуваме тие реформи од добрата волја на Султанот, но дека Европа е во состојба да ги наложи и осигури, во тоа ни најмалку не се сомневаме. Значи, смирувањето на Македонија пред умртвувањето на „болникот” не е во интерес на европската дипломатија. Таа нема желба за предвремени реформи во Македонија, ами тоа се диктира од нејзините крајни цели. И ние гледаме како се врши покровителство над еден ужасен режим во Турција, како се насрчуваат сите за душата потресни правци на тој режим. Зошто сето ова? За да зрее и се поддржува принципот дека Турција е неспособна да живее… Вистинските намери на европските политички сојузи изискуваат режимот во Турција да држи дел од народот во размирна состојба. Одвај ли има потреба да кажуваме дека ако волкот беше еден или глутницата една, ќе се свршеше работата без такви додевни формалнрсти. Но во случајов тие се многу и противни еден на друг, та сакале-нејќеле се помируваат со тие формалности. Меѓутоа, умната европска дипломатија не дозволува крајности на тој правец. Таа со отворени очи следи да не ги прескокне нејзиниот сакан режим границите на можноста, за да не се распали некаков револуционерен орган во сред угнетуваниот народен слој. Тоа би било пожелно ако спорот за грабежот некако е разрешен, но пред тоа е бесмислено, грозно…

И така, денешната положба во Македонија е пожелуваната од сите фази на идниот нивнизавојувачки процес. Реформи не сакаат да наложат претходно, но и не го оставаат турскиот режим да си го доврши делото докрај, пред да си ги завршат и тие сметките докрај. Не лутете му се, впрочем само на Султанот…До тука, македонското прашање, колку и да е тажна неговата положба, сепак не е толку сложено. Меѓутоа, тоа е само негова прва половина. Понатаму ние ќе се судираме со цел ред други факти, кои уште повеќе го заплетуваат ова прашање, правејќи му ја состојбата двојно пожална. Тие фактори се балканските државички. Тие сите учествуваат во македонското прашање. Замешувањето нивно почнува од самото зародување на ова прашање и ќе продолжува до крајот. Зошто? Зашто и тие го носат печатот на буржоаското господство, зашто и нивните влади како израз на тоа господство имаат желба за заграбување, за раширување на своите предели, за зголемување на сферата на економскиот гнет…. За нас е повеќе од јасно, дека бугарските влади секогаш правеле сметка за Македонија иако таа сметка тие ја криеле од широката маса со библиската реченица: „добри пријателски врски со владејачкиот дворец”, тогаш тоа го правеле од нужност, така како што од нужност европската дипломатија се грижеше „за запазувањето на тишината на Исток”. Така што бугарската буржоазија преку своите влади не можеше да мисли и чувствува поинаку освен како што бараат нејзините интереси. А нејзините интереси бараат присоединување на Македонија кон Бугарија. И тоа е мошне природно. Ако до сега таа не го направила тоа, се должи не на тоа што се покајала и се откажала од таква нечесна зделка, туку затоа што нема доволно сила за да ја оствари таа зделка. Меѓутоа, таа не го напуштила и никогаш нема да го напушти својот идеал, а бидејќи самата не е во состојба да го заврши „историското” дело, прибегнува до тајни комбинации со европската дипломатија.

Вака стои прашањето со официјална Бугарија. Никогаш не треба да заборавиме дека таа Бугарија нема да го задоволи својот апетит со автономијата на Македонија, макар што и таа ќе биде од не мала полза за неа. Нејзиното молчење по ова прашање се наметнува од посебни причини, кои не ги затскриваат ни најмалку нејзините вистински намери.“

(преземено – Документи за борбата на македонскиот народ за самостојности за национална држава, том први, 1981 г. Редакција: Гане Тодоровски). Скопје, 1974, стр. 58 – 61, 64 -65) mn.mk

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов ја претстави победничката кандидатска листа на советници за Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Наместо Меркел, синоќа во Скопје пристигна (верувале или не) Благој Бочварски
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 519
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 880
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 902
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 561
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 554
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 789
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 577
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 999
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 533
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

601
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1801
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.