Креативниот дух во овие кризни времиња не може и не смее да запре.
За тоа говори и новиот видео запис на скопскиот бенд Bernays Propaganda чиј што креативен тим направи нов видео запис за песната “Дојде живот” во вонредна состојба во домашни услови во самоизолација.
Овој видео запис нека биде потстрек за сите креативци кои се придржуваат на препораките на здравствените власти во услови на самоизолација да не престанат да творат, зошто и тоа е своевиден начин на борба против негативните ефекти на се што ни се случува како човештво.