• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Драган Ковачки бара одговорност од Шеќеринска и Пендаровски за штетниот однос кон НАТО алијансата

декември 30th, 2020 Политика коментари 685

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Драган Ковачки бара одговорност од Шеќеринска и Пендаровски за штетниот однос кон НАТО алијансата

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку своја реакција упатена во јавноста ги коментира штетните политики на надлежните власти (Шеќеринска и Пендаровски) во корелација на односите на Македонските институции со НАТО партнерите и Евро-Атланскиот совет на НАТО.

Според Драган Ковачки кој што важи за еден од врвните експерти од областа на одбраната и воените науки не само во МАкедонија, недозволиво е Македонија две ипол години да нема свој политички претставник во НАТО Алијансата, наспроти сите декларативни определби на функционерите на СДСМ вгнездени во најзначајните ресори од каде евидентни се неспособноста и деориентираноста на политичкото нивно делување.

Во продолжение интегрално го пренесуваме коментарот на Полковникот Драган Ковачки во врска со оваа особено важна тема за севкупните состојби во државата:

“Според еден од медиумите, предлогот на МО-Шекеринска и ПРМ-Пендаровски за наш претставник во НАТО, веќе бил одбиен од НАТО, односно одреденото лице било непожелно во командата во Брисел.

Поврзано за овој скандал, не сакајќи да навлегувам во личните квалитети и квалификации на одредениот претставник, само ќе констатирам факти и ќе поставам неколку прашања од јавен интерес.

1. Уште во февруари 2019 година, поранешниот претседател на државата, со Указ постави македонски претставник во НАТО, но, откако Министерот за одбрана застана директно против одлуката на Претседателот, нашиот претставник воопшто не замина во мисијата.

2. После доаѓањето на власт на сегашниот Претседател, тој со свој Указ го разреши, односно го отповика претставникот кој повторувам – воопшто и не беше заминат (!)

3. Веднаш потоа, Министерот за одбрана номинираше друг претставник во НАТО. Според зборовите на Министерот за одбрана, за тоа лице согласност дал и Претседателот на државата. И тоа лице требаше уште пред година дена да замине во НАТО.

Но, според медиумите, имало безбедносна пречка и затоа и тоа лице не заминало во НАТО.

Е сега внимавајте: од сликата подолу може да се види дека Министерот за одбрана, иако лицето ги немало поминато безбедносните процедури за да биде упатено во НАТО, го земала со себе во официјална делегација на средба со, ни помалку ни повеќе, туку со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг. Неверојатно!

Ако е точно дека поради безбедносни пречки, Македонија веќе 2 и пол години (!) нема свој претставник во НАТО, тогаш јавноста заслужува да знае:

1. Дали е запазена процедурата за назначување на наши претставници во странство?

2. Ако е запазена процедурата, кој е тој што потфрлил и зошто не ги земал во предвид сите факти, а со тоа го довел во заблуда Министерот и Претседателот на државата за да ја срамат државата пред НАТО?

3. Ако не е запазена процедурата, зошто не е? Кој е тој/таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено убедување?

4. Ако сепак е запазена процедурата и Министерот знаел дека постои безбедносна пречка за лицето, зошто го довела во заблуда Претседателот на државата да дава согласност за такво лице и да ја срами државата?

5. Дали Претседателот знаел за какво лице дал согласност, но сепак се надевал дека можеби НАТО ќе се “смилува” или пак воопшто не знаел за кое лице дал согласност? Ако не знаел, зошто не знаел? Лично сум згрозен од ваквиот несериозен однос кон НАТО за чие членство се изначекавме генерации.

Да немате 2 и пол години претставник во НАТО е повеќе од поразително. Згора на тоа, веќе со Указ одреден претставник го понижија како најдолен криминалец. Кој Ви дава право да си играте со државните интереси но и со човечките судбини туку така?

Па како сакате да не‘ ценат од надвор кога самите не се цениме и не си ги почитуваме правилата и процедурите?

Кој ќе понесе ОДГОВОРНОСТ за овој скандал и јавната бламажа на државата? Повторно ли ќе си одмолчите, ќе дефокусирате и обвинувате дека е фејк њуз? Одговорност за ова мора да има!

#ОтадеРубиконот

#Оставка“

https://www.facebook.com/DraganKovachki/photos/a.110611550562978/227058478918284/

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Безидеен, некреативен и популистички буџет за следната година
Следна објава Ана Љубиќ: Кратко за 2020
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 383
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 698
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 558
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 497
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 621
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1950
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 534
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 647
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 525
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

831
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1930
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.