• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Драган Ковачки: Левица во функција на Заев го блокира законот за лична карта за да му обезбеди мир во предизборната коалиција со БЕСА

јули 26th, 2021 Македонија, Став коментари 892

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Драган Ковачки: Левица во функција на Заев го блокира законот за лична карта за да му обезбеди мир во предизборната коалиција со БЕСА

“За Законот за лична карта…

Во недостаток на теми за дефокус од поразителните извештаи за криминал и корупција во највисоките редови на власта како и нереализираните ветувања за живот, Заев во Парламентот повторно активира национални теми и фрла се’ на една карта само со една цел – останување на власт по секоја цена (затоа што знае што следи после тоа ако падне од власт). Деновиве преку негови испостави ја активираат дебатата за тоа дали треба или не треба во личните карти да стои националноста на граѓаните. Нашиот став е јасен и познат уште од почетокот на годината кога беше актуелизирано прашањето, а тоа е дека ние како партија сме согласни да во личната карта стои националноста. И не само што сме согласни, туку ние инсистираме на такво решение. Зошто?Затоа што со ова решение Заев и неговата купи-продај политика се доведува во ќор-сокак, a лагите од договорот од Преспа ќе излезат на виделина. Како?

Потсетете се кога Заев ги договараше Уставните измени со цел да го реализира договорот од Преспа…

За да ја добие поддршката од БЕСА, Заев им вети дека во личните карти ќе им даде можност да се впише националноста. Е сега, доколку такво нешто помине како Закон, тоа не би било никаков проблем за никого, дури ни за Бугарите, Грците итн, освен во еден случај.

Тој еден случај е кога во личните карти во националноста би требало да се впише Македонец !Тука е веќе големиот проблем за Заев. Може да го замислам уште сега како им се извинува на Грците дека направил ненамерна и непромислена “тешка геостратешка грешка” кога им го давал ветувањето на БЕСА и не предвидел дека така може да ги налути Грците. Не сакам да тврдам дека Заев активирал некоја од помалите партии во негова одбрана, но очигледно е дека Левица во овој момент кога Заев е изнесен на чистина и кога сега само треба да се реализира неговата “политичка егзекуција”, му фрла гума за спасување. Внимавајте, не само што со блокирањето на овој закон за лична карта ќе му се помогне на Заев да го амортизира незадоволството кај БЕСА, а и нема да ги налути Грците со внесување на графа за Македонци, туку Заев со тоа преку Левица прави напад на ВМРО-ДПМНЕ, односно “ВМРОвците не разбирале европски вредности и не ги познавале европските конвенции. Згора на тоа биле и за федерализација… “Пазете, ВМРО биле за федерализација ?! Јака теза од кујната на СДСМ.

Еве го мојот став: ова за мене се заклучоци кои не се базирани на докази. Значи, процесот на федерализација е започнат од поодамна, уште со територијалната реорганизација во 2004-5, но прашањето е дали сега на Албанците тоа им одговара. Да, убаво читате, дали такво нешто на Албанците во Македонија им одговара?

Јас мислам НЕ. Но, за тоа во друга прилика. Заклучокот за законот за лична карта е овој: Ако се донесе Законот со кој на Македонците им се овозможува во личната карта да им се впише во графата Македонец, тогаш Зоран Заев ќе биде во шах-мат позиција.

На тој закон ќе види цела македонска јавност што договорил Заев во Преспа и дали идентитетот ни е бетон како што самиот тврди.

Ако не се донесе Законот, тогаш Зоран Заев ќе има оправдување пред БЕСА дека не зависи од него туку од Левица која блокира, ќе си остане сервилен кон соседите и ќе продолжи со нападите кон ВМРО-ДПМНЕ преку Левица.

Затоа, законот за лична карта треба да се донесе!

*Инаку, со лична карта може да се патува и надвор од Македонија, така да ова е уште еден проблем за Заев.”

-фејсбук статус на Драган Ковачки- Член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Лефков: Власта со ребалансот го зголемува буџетскиот дефицит а ја намалува вработеноста во државата
Следна објава Неправда по примерот на бившите комунистички судења со исказ на еден дискредитиран сведок, добија денеска поранешни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

507
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2038
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.