“Ветив дека ќе ја повикам македонската јавност да сведочи на судскиот процес за докажување на незаконското работење и злоупотребата на институцијата во партиска цел од страна на министерот Шекеринска.
Денеска си останав на зборот.
Поднесов Тужба против Министерството за одбрана претставувано од Министерот Радмила Шекеринска-Јанковска.
Очекувам дека Судот ќе постапи експедитивно по предметот исто како што претходно ОЈО постапи по однос на кривичните пријави поднесени против Шекеринска.
Сепак, за разлика од политичкото влијание врз ОЈО, на Суд ќе може да ги изнесеме и соочиме аргументите, а целата јавност ќе види колку незаконски се работи во Одбрана и со што се служи се’ уште актуелниот министер за одбрана за да девалвира офицери на кои им ја должи слободата.
Потенцирам и нека остане запишано: За сите злоупотреби ќе има одговорност, а таму каде има елементи ќе има и кривична одговорност.”
-напиша Драган Ковачки на фејсбук


