• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Гоце Марков: Во кратки црти за лагите на моторџиите…

мај 5th, 2021 Колумна коментари 591

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Гоце Марков: Во кратки црти за лагите на моторџиите…

Во немоќта да ја одржи состојбата, очајно се обидува со лагите и убавите зборови на скапиот ПР да ја прикаже млада и успешна, а таа станала остарена, гнила, лита на памет, брзопотезна и брзопрометна. Од држава направивте жена лесно морална! Вулгаризирано ангажирана со повеќе љубовници, неспособна за љубов, а суетна и неискористена до крај! Создадовте територија на криминали, на говор без звук на бесрамен срам…. И сега ми текнува на чувствата при првиот контакт со Инфективната клиника…тогаш напишав два-три збора: ,,За браќата и сестрите мои скептици!! Не е грипче луѓе! Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира? Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?! Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата.

Почнуваме!!

Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата. А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма! Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку! Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат… Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од убиствената рутина… Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови… … но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е…. Што се случува тука? Тука Животот и Смртта се другари!? Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!! Да да, борбата тука е за воздух! Умирањето тука не е процес! Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа. Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно. А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!! Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек. Тешко е…многу е тешко…но не поради работата без крај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!

И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?! По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку! Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!! А небото не е граница за храбрите да знаете! Тоа е само еден обичен почеток! П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест! Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката. А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките! Не поради друг!! Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите фамилии…”

Додека денес, после една година имаме: Долгоочекуваното покачување од 5% за здравствените работници останува и понатаму Мртво слово на хартија! И додека позерите од Власта со селфи и мотори ја развозуваат Македонија, болните од Ковид 19 се во недостиг на Клексан, Ксарелто, Кортико, и цел еден куп останати лекови кои се основното лекување во оваа пандемија. Бескомпромисниот карактер на белото во очите на една забегана единка која освен зло на македонскиот народ не му донесе ништо друго….индивидуа која може да излаже и полиграф! Затоа јас никогаш не доцнам на работа, затоа одржувам самоконтрола без пиштол на појас, баш затоа… Зошто воопшто, бараме правна држава кога истата за едни е мајка а за други приватна клиника?! Одржуваме кондиција по долгите ходници, со оклопи од скафандери, со еден куп опрема на нас, со огромна желба да останеме професионални и достоинствени до крај. И сето ова, за да некое си арогантно и цинично момче да плука по нашите сметки за струја, вода, телефон…патарини, регистрација на возила…

Кој си ти, за да им се смееш на нашите сметки? Нас, црното под ноктите не боли за твоите вицови за бели мантили! Сите вие сте за на детектор на лаги! За да биде иронијата пострашна тука се и болните без здив, тука се и професионалноста, доследноста, работливоста…се она што е репер за високи стандарди за разлика од наместените тендери, тендерите кои доцнат, бројните донации кои создадоа еден класичен дебилизам, наместо менаџмент кој успешно се справува со Ковид 19. Наместо модуларни болници, белите мантили добија монтажен лим кој попушти уште првите денови… Наместо централен кислород повеќето болници сеуште се работат со боци, кои за волја на вистината се двапати поскапа инвестиција, башка целиот труд со истите…да не разговараме за времето на реакција!? Специјализантите со празни кесиња, со неплатен одвоен живот работат во истите тие центри каде денот е ноќ а ноќта е ден. Лекарите сеуште лекуваат без официјални протоколи.

Преку 250 Медицински сестри, техничари, лаборанти се со непризнаени факултети и Високи школи, башка специјализации кои исто не се систематизирани… Најпотребните во кризата се оставени сами, без подршка со само една желба-да отидат негде каде ќе им се признае трудот, образованието, стручноста…некаде далеку!! И додека белите мантили чекаат 5% покачување, Светска банка дава подароче кое како додаток на плата ќе циркулира до септември, чунки покачување, решавање професии, и секакви останати дискретни ,,поткупи” се чуваат за пред Избори!!

Срам да ви е!!

П.С.За сите закани, уцени и останати притисоци ќе си одговарате!

Пишува: Гоце Марков-Дипломиран здравствен работник; Спец. по Семејна и Патронажна медицина

  • Ознаки
  • Гоце Марков
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Драган Ковачки поднесе тужба против Министерството за одбрана претставувано од Радмила Шеќеринска
Следна објава Судството под контрола на Заев суди службеници кои треба да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 543
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 556
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 548
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 535
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 455
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 881
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 562
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 699
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 680
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1566
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1881
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202120
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.