• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Драган Ковачки: Повеќе причини зошто власта е виновна за назадувањето во евроинтегративните процеси

мај 25th, 2021 Македонија, Став коментари 640

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Драган Ковачки: Повеќе причини зошто власта е виновна за назадувањето во евроинтегративните процеси

“Катастрофалните политики на Владата ја зацементираа македонската позиција во поглед на евроинтеграциите. Без разлика дали ќе добиеме датум за преговори по не знам кој пат, односно без разлика дали ќе се одржи меѓувладина конференција, Македонија сепак останува зацементирана на дното, пониско позиционирана дури и од Албанија. Кога викам пониско дури и од Албанија, не сакам да им одземам ништо на Албанците, туку сакам да ја потсетам македонската јавност дека кога пред 20 години Македонија ја потпишуваше Спогодбата за стабилизација и асоцијација, скоро сите наши братски ЈУ републики сé уште беа заглавени со последиците од воениот конфликт и ги обновуваа своите стопанства од долгогодишните и економски исцрпувачки војни.

Значи, Македонија беше прва држава која ја потпиша Спогодбата. Оттогаш до денеска, сите ги почнаа преговорите освен Македонија и БиХ, а Хрватска веќе е членка на ЕУ скоро деценија. Сите држави колку-толку напредуваат, освен Македонија која за жал назадува и во која од ден на ден се живее сé потешко. А зошто Македонија не напредува туку назадува?

Ќе се задржам само на последната година или две, а секој може да си направи паралели и за годините наназад:

Затоа што владеењето на правото е само флоскула и никој не одговара за ништо (освен политичките неистомисленици на кои дури им се креираат и случаи согласно потребите). Моралната одговорност пак е само обична придавка пред именката и е непостоечки институт во „нашата држава“. Затоа што правдата е приватизирана и е во склад со едностраниот поглед на лидерот на партијата. Без право и правда нема демократска држава (!)

Затоа што корупцијата и криминалот во кои се замешани највисоки структури на власта и државните органи се доживуваат како да се најнормална појава и на која граѓаните веќе се навикнаа.

Затоа што власта е подготвена да го уништи целото образование со цел да се задоволат нечии национални фрустрации, а за себе да добие уште едно тапкање по рамо од оние на кои преку своите советници им испраќа пораки со евроскептицизам и заплашување дека некој друг ќе го пополнел просторот што нема да го пополни ЕУ.

Затоа што скоро секојдневно се отпуштаат работници од реалниот сектор, а власта со цел да ги сокрие бројките и да краткорочно ја замаскира неспособноста за решавање на проблемите, масовно ја трупа државната и јавна администрација со нови вработувања. Наместо да се најде начин за транзиција на администрацијата преку создавање на услови за вработување односно инвестирање во приватниот сектор (оти тој е движечката сила за една држава), власта фрли сé на една карта – избори.

Затоа што преку масовните вработувања во изборна година, власта сака и да го намали гневот кај своите граѓани од нерамноправните политики кои ги води кон соседите, или да бидам попрецизен, од политиките кои соседите ги водат кон нас, а Власта молчи и одобрува сé што ѝ е побарано на Македонија.

Затоа што народот е разочаран и национално понижен од секојдневното гушење на патриотизмот од страна на оние кои распродаваат се што не е нивно: почнувајќи од името, националниот идентитет, јазикот, историјата, завршувајќи со државното земјиште.

Затоа што власта „мува на ја лази“ што е директно одговорна за труењето на сопствените граѓани преку канцерогени и токсични масла за кои дури и им платила на трујачите. Е сега на крај, се поставува прашањето, зошто е тоа така?Затоа што врхушката на власт не ја интересираат граѓаните и нивната безбедност и благосостојба, туку само личниот профит преку нарко и слични бизниси.

Затоа што сите ги знаат какви се и затоа лесно може да се манипулираат и да спроведуваат туѓи агенди.

Да се вратам на почеток, реков дека сосема е неважно дали ќе добиеме датум за преговори или не. Дури и да ги отпочнеме одамна заслужените преговори со ЕУ, оваа структура на власт не е во состојба да спроведе ништо конкретно од кое граѓаните ќе имаат бенефит. Ниту имаат потенцијал, ниту компетенција.

Со овие бандити на власт, ќе се продолжи со етничкиот инжинеринг врз Македонците, државата ќе продолжи да се задолжува, а народот ќе потоне во уште поголема сиромаштија и ќе се забрза иселувањето. Ова што ѝ го прават на сопствената држава е нехумано и неодговорно.

Народот многу брзо ќе мора да одлучи како ќе продолжи понатаму, т.е. дали ќе продолжи со оваа агонија или засекогаш на таквите авантуристи на најдемократски начин ќе им го покаже местото во темната страна на македонската историја.

#МакедонијаЗаслужуваПодобро“

-фејсбук статус на Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Со создавање на нов фонт "Ilinden 903" посветен на Св Кирил и Методиј на најубав можен начин го честиташе денешниот празник
Следна објава И Европската комисија им го честита вчерашниот празник посветен на Св. Кирил и Методиј на Бугарите. За Македонците-"рачката од тупалото"!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 716
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1326
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 370
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 462
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 672
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1088
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1853
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.