Типографот Ласко Џуровски од Скопје кој за себеси вели дека е роден, живее, работи, диша, се радува, тагува, заспива и се буди во Република Македонија на најубав можен начин го честиташе денешниот празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.
Тој за целокупната македонска и светска јавност го стави на располагање својот нов кириличен компјутерски фонт на кој што работел цели 3 години.
“Со гордост соопштувам дека денес, на 24 мај, денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Св. Методиј, ја завршив работата на фонтот Ilinden 903. 🙂 Работата на него траеше околу 3 години, со кратки прекини и постојано истражување. Фонтот го посветувам на Светите браќа кои ни ја подарија писменоста. Фамилијата Ilinden 903 има 4 стилови – Light, Regular, Bold и Black, секој од нив содржи по 1065 карактери, со него можете да пишувате на кирилица и латиница, на повеќе од 120 светски јазици.”
-соопшти Ласко за својата креација.
Фонтот Ilinden903 Regular содржи ограничен број карактери, поточно сите големи латинични букви и сите мали кирилични букви. Ласко се надева дека наскоро ќе може да ја активира својата web страница на која ќе бидат достапни сите негови фонтови. Од сл. линк може да ја превземете Demo верзијата на Ilinden903 Regular.