На онлајн платформата за огласување и продажба на ствари “Реклама 5” забележавме еден интересен оглас кој што решивме да го изрекламираме на нашиот портал.
Станува збор за оглас во кој што како што се вели се продава “Основно училиште” во селото Црешнево во Македонски Брод.
Притоа како објаснување во текстот на огласот се вели дека основното училиште се наоѓа во самиот центар на селото наспроти црквата и дека е изградено од цврста градба, целосно од камен со дебели ѕидови и дека со мала адаптација може да се претвори во прекрасна викендица. Цената за која што можете да го купите ова основно училиште изнесува 14 илјади евра.
