• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Еден поинаков осврт на вчерашниот Протест за Бојкот на уставните промени

ноември 19th, 2018 Колумна коментари 1239

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Еден поинаков осврт на вчерашниот Протест за Бојкот на уставните промени

Од крајниот исток на Република Македонија, од градот кој го носи името на апостолот на Македонското револуционерно движење, во вчерашните попладневни часови околу 100-тина делчевчани заминаа за Скопје на големиот сенароден протест за бојкот на уставните промени.

Лошото време, долгата релација и лошите попатни сообраќајни услови не беа причина за останување дома во топлите домови за овие луѓе кои со искрена љубов и светла мисла дојдоа пред Македонскиот Парламент да се придружат на реките народ од сите градови во државата кои ги пееја најпознатите патриотски МАкедонски песни и извикуваа во еден глас: МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА!

Стоејќи во првите редови на народниот непокор пред Македонскиот парламент, не можам а да не забележам неколку детали кои веројатно сите други “репортери” ќе ги одминат во своите сензационалистички текстови и новинарски прилози:

1.Генерално-атмосферата на протестот

Дождот на моменти се претвори во снег, снегот во студена пот, потта во врели солзи на лицата на овој напатен народ. Но и покрај тоа и младо и старо стоеја гордо и исправено пред паметникот на Карев- Претседателот на Републиката-Прва на Балканот! И силно пееја песни за Македонија… Пееја како последен пат да ќе пеат… Некои со едната рака го држеа чадорот, а со другата своето срце… Да не излезе од градите да се сплоти во едно со сите други срца кои од дното на душата си ја сакаат слободата и напредокот на Македонија.

2.Се носеа знамиња:

Еднаш осумкракото, еднаш шеснаесеткракото… И во обата случаи присутните со немир на лицата ги посматраа младите што со своите раце ја брануваа ткаенината обоена во црвено и жолто. Се гледаше светлина на нивните лица, чиниш сонцето грее во студот на асфалтот пред Парламентот. И старо и младо, и машко и женско сите со една мисла, знаеа дека дури и во последните мигови од нивните животи овие сцени ќе им бидат пред очи, со сопствениот последен здив да го пренесат аманетот на следната генерација.

3.Имаше едно девојче

Имаше едно девојче до мене сред овој народен непокор и гордост, кое гледајќи ме како се мачам со чадорот, фотоапаратот и знамето, ми го побара знамето таа да го вее, со зборовите: “Да помогнам”… И сега кожа ми се ежи од моментот полн со самосвест и посветеност!

4.Говорите на сцената….

Кај сите говорници што проговорија на сцената како генерална карактеристика би рекол дека несомнена е љубовта кон слободата на Република Македонија, идејата за зачувување на Уставното име, јазикот, придобивките од АСНОМ. Недостига историски прагматизам и причинско-последично знаење и искуство.

Арна Шијак ќе остане засекогаш мој репер за непокор, Македонски дух и слобода! Сите нејзини зборови се вплотија во дел од битот на Македонскиот народ а љубовта и духот со кој ги пренесе, овозможија епски призвук и тежина на нејзините зборови.

Горан Костовски излезе скромно, си го прочита говорот од телефон и скромно замина… Кој слушнал, ОК…. Текстот на говорот има суштина но се гледа дека човеков пред народ не треба да говори на вакви сенародни собири…. Тој бил еден од иницијаторите на “Бојкотирам” движењето (така беше најавен)… ОК, нека биде. Можеби го бива за активизам од зад компјутер, или во контактна емисија, но со рака во џеб, пред повеќеилјадна публика ќе остане само одглас на времето.

Многумина во публиката околу мене се погледнуваа со подигање на раменици за време на неговиот говор….

Не го знам по име и презиме дечкото со црна капа, црна спид-фаерка, црни ракавици и Македонско знаме врзано на вратот спуштено преку грбот… По цитираниот Јане Сандански како и повеќе поенти кои ги искажа заклучувам дека е своевиден левичар по идеолошка определба! За мене лично тој говорник имаше моќен говор кој инспирира и има силина. Веројатко човеков е без претензии да биде водач, и ако е така треба да го промени тој свој личен став. Во него има силина и енергија за ораторство, како и неопходна харизма а она што го кажа треба да биде напишано во поновата историја на напатениов Македонски народ. Медиумите треба на овој човек дефинитивно да му дадат поголемо значење… Барем оние медиуми кои не се од кампусот на платениците или хунтата на власт.

Солза Грчева со силна искрена и светла мисла упати достојни пораки кои долго ќе ѕвонат над Македонскиот дом на Демократијата. Само да има кој да ги послуша! Жената иако и’ недостига физичка енергија сепак ќе кажам дека е достојна на борбата која е во тек. Нејзините левичарски ставови на моменти во говорот по малку наликуваа на анархо-либерални што веројатно во морето од чувства не можеа да останат нескриени. Она што Солза Грчева го соопшти како дел од оперативен план на движењето Бојкотирам Уставни промени за идниот период како активности, не знам дали така било намерно договорено со останатите говорници, но беше оскудно и сиромашно. Борбата за вистината не смее да биде тајна, особено не кога говориш пред ваква насобрана народна публика.

Штета што Солза Грчева нема организирано членство и следбеници позади себе.

Прочитаното обраќање на Професорот Горазд Росоклија, Жидас Даскаловски и Зоран Витанов внесува нова светлина на поблиската и подалечна иднина на Македонскиот народ. Внимателно треба да се послушаат овие зборови, за да се извлечат поенти за доброто на целиот народ. Овие тројца луѓе имаат политичка тежина на обединувачки фактор на различни идеолошки матрици со единствен Македонски предзнак! Само напред!

Љупчо Палевски со добро познатите фрази повеќе звучеше како застарена доктринарна машина, одколку на активист кој може рамо до рамо да се носи со актуелните предизвици со кои се соочува Македонија. Дополнително моментот кога почна да зборува за империјализам, глобализам и висока светска политика, предизвика големо негодување помеѓу присутните околу мене, вклучувајќи ме и мене самиот. Знаеме дека е против актуелната власт, но ништо не кажа како да се бориме против ненародната власт. Во огромен дел од говорот имаше само гола реторика. Единствен светол момент во говорот беше диференцирањето на автентична независна Македонска политика, доволно одвоена од политиката на интереси на САД и Русија. Целосно се сложуваме дека Клучот ( а не кЉучот) е во Македонија.

За појавата на Кристијан Бенито искрено на почетокот на неговиот говор бев малку скептик, но како почна со реториката го подигна нивото на жестина помеѓу присутните и кај мене лично. Има енергија, има желба, има ораторски вештини, но далеку е од водач, било тоа да биде и на одредена таргет група на активисти. Самиот за себе тој вели дека дејствува како активист-индивидуа што е сигурно за почит, но во вакви судбоносни моменти за Македонија, потребно ни’ е нешто повеќе од желба и енергија.

Говорот на Тодор Петров нема да го коментирам. Само ќе кажам дека луѓето почнаа да си заминуваат од собирот од половина на неговиот говор.

Се на се-постфестум на големиот протест пред Македонскиот парламент можам да кажам дека присутниот народ пред Македонскиот парламент беше и остана достоен на својот кредибилитет изграден со генерации и векови назад во историјата.

Со исклучок на Арна Шијак и дечкото со знамето на грб чие што име не го знам а говореше втор на бината, помеѓу говорниците нема достоен лидер кој може да биде предводник и лице на борбата против актуелната ненародна власт во Република Македонија, која испогани се што било создадено во минатото.

Криењето зад флоскулата СЕКОЈ САМ ДА БИДЕ СВОЈ ВОДАЧ е несериозна и ја отсликува состојбата во која се наоѓаат организациите и поединците кои јавно се декларираат како претставници на граѓанското движење “Бојкотирам”.

Водач на Македонскиот народ не се самопрогласува, водач не се станува со документ или кулоарски и салонски политики.

Водач се раѓа од народот!

5. Атмосферата после протестот (Сите генерали станаа после војната)

Постпротесните препукувања помеѓу поединци на социјалните мрежи е дел од сценариото за разадинување на народот и негови понатамошни поделби кои се мотивирани и реализирани или од страна на инсталации на власта или пак од страна на самопрогласени водачи и експерти кои во никој случај не служат на каузата за зачувување на Република Македонија.

6. МВР контролира?

Полициската акција за опструирање на организацијата на протестот од страна на припадниците на МВР на пристапните патишта од сите страни кон Скопје вчера попладнето, веројатно е подарок од НЕКОЈ за народот што побргу да изгради резистентен став кон можните насилни сценарија и на вистински демократски начин да се справи со ненароднава власт во државата, за што искрено сум му благодарен на тој-некој!

Ова е мое лично мислење постфестум на големиот сенароден протест одржан пред Македонскиот парламент на 18.11.2018 година, а воедно и лична порака во контекст на предвечерието на судбинските настојувања да биде прекроен идентитетот на Македонскиот народ и редефиниран карактерот на Република Македонија.

Автор: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: Усул
Следна објава Интегрален текст од говорот на Јане Ченто пред Судскиот совет на Апелациониот суд Скопје 19.11.2018.
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 399
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 400
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 344
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 412
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 345
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 686
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 450
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 491
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 507
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1028
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1782
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1047
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201930
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.