Претставен како највлијателниот човек кај србите, како најмудриот човек во Србија кој не е политичар, Дејан Лучиќ во едно свое неодамнешно контроверзно интервју, јавно јасно и гласно го негираше постоењето на Македонскиот народ.
Тој во својот исказ говорејки за староста на српскиот народ спомнува двајца македонски калуѓери кои ги описмениле србите. Исто така тврди дека голем народ е оној кој има над 1 милион мртви кои се бореле за слободата, притоа соопштувајки дека никој околу нив (србите) нема над милион мртви во борбата за слобода.
Потоа кажува дека Македонците тогаш (во времето на Втората светска војна) не постоеле и дека Македонската граматика е создадена по примерот на Советската-Руската граматика и дека Македонците немале своја граматика. Во продолжение кажува дека во Македонија се врши геноцид на србите и дека прво им е украдена црквата, на ист начин како што Мило Џукановиќ се обидувал тоа да го направи во Црна Гора.
Погледнете го во продолжение ова контроверзно интервју на Дејан Лучиќ: