• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Фељтон: АТЕНТАТОТ ВО МАРСЕЈ – ФРАНЦИЈА (дел 1)

октомври 9th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1081

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Фељтон: АТЕНТАТОТ ВО МАРСЕЈ – ФРАНЦИЈА (дел 1)

НА ДЕНЕШЕН ДЕН е убиен кралот Александар Караѓорѓевиќ
и министерот за надворешни работи на Франција Луј Барту

Марсејскиот атентат е извршен на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Тој е еден од најдобро организираните атентати во XX век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна.

Извршител на атентатот бил Владо Черноземски, член на Внатрешна македонска револуционерна организација.Тој, во текот на нападот, смртно го погодил кралот Александар I Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од од здобиената повреда.

Черноземски ја напуштил Бугарија во летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување на атентатот врз кралот Александар. Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска организација, Еуген Кватерник. Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на септември 1934 година.

За учеството во атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, на Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ судот им изрекол казна доживотен затвор со присилна работа. Во отсуство, смртна казна им била изречена и на водачите на усташката организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник што имало за цел да ги задоволи и смири југословенските државно-политички кругови.
Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставувал врв на сите убиства што ВМРО ги извршила во периодот помеѓу двете светски војни.

На 19 мај 1934 година новата бугарска влада на чело со Кимон Георгиев законски го забранила постоењето на ВМРО на Иван Михајлов, по што била растурена целата нејзина организациона мрежа на територијата на Бугарија. Поголемиот дел на нејзиното членство бил уапсен од страна на бугарската власт, додека Михајлов заедно со неговата сопруга Менча Карничева и неговиот соработник, Петар Ацев, побегнале на територијата на Турција. Со распуштањето на ВМРО се сметало, посебно во политичките кругови во Кралството Југославија, дека ќе престанат терористичките активности на оваа организација насочени против последната.

Меѓутоа, ВМРО неколку години пред нејзиното распуштање, а и потоа, се поврзала со некои организации и движења во тогашна Југославија, кои се бореле против нејзиното уставно устројство и за отцепување на територии и формирање на независни држави.

За таа цел на 20 април 1929 година како поканети гости на Националниот комитет на македонските братства во Бугарија пристигнале водачите на усташката организација од Хрватска д-р Анте Павелиќ и Густав Перчец, и овде со раководството на ВМРО било разговарано за заедничка борба против големосрпската хегемонија во Кралството Југославија. По оваа средба, кадешто била донесена и Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска, властите во Белград на суд им изрекле смртни казни на Павелиќ и Перчец, по што тие преминале во илегала.

Во исто време и македонските и хрватските емигрантски организации во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против големосрпскиот режим во Југославија. Во Женева повторно дошло до средба помеѓу Анте Павелиќ и Иван Михајлов, на која, покрај разговорите за продолжување на соработката, Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и ВМРО, на што Михајлов изразил воздржаност.

Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1.000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката „Хајнрих Фолмер”. За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Великиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја – Марко Дошен.

Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција што би предизвикала поголеми потреси и поместувања во меѓународната политика, во оној дел што се однесувал на состојбите на Балканот.

Различните европски држави имале свои интереси и на свој начин сакале да ги исползуват овие ревизионистички барања насочени кон државите територии на Кралството Југославија. Франција како една од големите и европски сили го потпомогнала создавањето на т.н. Мала Антанта, во која влегле Југославија, Романија и Чехословачка и со создавањето на тој сојуз била заинтересирана да се сочуваат границите на Балканот зацртани со Версајската мировна конференција. Со истата намера, Франција го потпомогнала и создавањето на Балканскиот пакт на 9 февруари 1934 година помеѓу Југославија, Романија, Грција и Турција, со главна задача потписниците заемно да си ја гарантираат неповредливоста на своите граници.

Спротивно на француските интереси за непроменливост на границите на Балканот биле тенденциите на европските држави во подем, кои сметале дека созреало времето кога треба да бидат исцртани новите европски граници. Таков интерес посебно покажале Германија и Италија, каде во 20-тите и 30-тите години била воспоставена фашистичка власт. Посебно големи биле апетитите на Германија со доаѓањето на власт на Адолф Хитлер во 1933 година, којшто посебно бил заинтересиран за истиснување на француското влијание од Балканот и посебно Југославија.

Во исто време Италија како соседна држава на Југославија исто така била заинтересирана за промената на границите на штета на нејзиниот сосед. Територијалните претензии на фашистичката власт во Италија биле насочени кон Далмација, целото Јадранско приморје, полуостровот Истра и Јулијска Краина, а југословенско-италијанските интереси се судирале и во поглед на Албанија.

Италија за разлика од Германија се обидувала да го неутрализира француското влијание во Југославија преку подобрување на односите меѓу двете држави, што во почетокот и успеало, но подоцна дошло до заладување на односите поради тоа што Италија дозволила на нејзината територија да се создадат кампови за обука на усташките терористи, кои се бореле против територијалниот интегритет на Југославија. Германија, од своја страна во почетокот на 1934 година успеала да издејствува подобрување на односите со Југославија, што од своја страна било мотивирано од германските обиди за растурање на Малата Антанта и Балканскиот пакт, кои претставувале пречка за доминацијата на Германија на Балканот.

Поради ова се повеќе било загрозувано француското влијание во Југославија, што резултирало со обиди на француската дипломатија да дојде до повторно затоплување на односите на релација Белград – Париз.

Овие обиди за подобрување на француските интересни позиции во Југославија ја натерале Германија и Италија, која и отпорано ги помагала организациите што се бореле против југословенскиот државен и уставен поредок, посебно ВМРО и усташката организација, да ги активираат силите кои ќе им зададат удар на ваквите напори. Такви биле меѓународните односи во пресрет на најавената посета на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ на Франција закажана за октомври 1934 година.

Лажниот пасош на Владо Черноземски ја напуштил Бугарија во летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување на атентатот врз кралот Александар.

По налепницата што била пронајдена на неговиот багаж со потекло од унгарскиот град Печуј, се сметало дека тој престојувал на територијата на Унгарија, но во кој дел, не можело со точност да се утврди.
Според информациите што доаѓале од кругови блиски до ВМРО, Владо Черноземски извесно време престојувал во усташкиот логор за обука на терористи во местото Јанка Пуста, каде бил инструктор по стрелање. Поврзаноста на хрватската усташка организација со ВМРО ја потврдил и Анте Павелиќ, којшто исто така истакнал дека биле отворени кампови за обука на терористи во Унгарија, во Јанка Пуста, каде како инструктор дошол Владо Черноземски. Павелиќ посочил дека такви кампови било планирано да се отворат и на територијата на Англија, бидејќи терористичките акции не биле насочени само кон Југославија и Франција.

Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска организација, Еуген Дидо Кватерник. Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на септември 1934 година, кога петчлената група се состанала во хотелот „Сен Готард“ во Цирих.
Групата на чело со Кватерник потоа се упатила во Лозана, каде тој им купил нова облека на тројцата усташи и на Черноземски по што заговорниците на 29 септември со брод, преку Женевското Езеро, преминале на територијата на Франција. Овде групата се разделила на два дела, а заради уште поголема конспиративност Кватерник им разделил нови чехословачки пасоши.
Во Париз на конспиративната група им се придружило едно лице, чиј што идентитет е многу тешко да се утврди. Кватерник на членовите на групата им го претставил под името Петар, а тој во хотелот каде што престојувал се пријавил со чехословачки пасош на име Јан Вудрачек, заедно со неговата жена Марија Вудрачек. Истражните дејствија на француската полиција покажале дека лицето било на 45-годишна возраст и дека добро го владеел италијанскиот јазик врз основа на што имало некои тврдења дека тоа најверојатно бил Анте Павелиќ. Според други тврдења, улогата на Павелиќ добро ја одглумил хрватскиот усташ Антун Година заедно со неговата жена. Антун извесен временски период живеел во Чикаго, каде бил член на гангстерската банда на Ал Капоне и бил специјалист за фалсификување на документи.
На 6 октомври, сега седумчлената група, повторно се раздвоила, што Звонимир Поспишил и Рајиќ добиле наредба да заминат во Версај, а потоа во Париз да чекаат понатамошни инструкции, така што по ова биле целосно изолирани и ништо не знаеле за понатамошниот тек на акцијата. Од друга страна Кватерник заедно со Черноземски и Крал заминале за Авињон, снабдени со револвери и бомби и со нови чехословачки пасоши. На 7 октомври тие пристигнале со автобус во Марсеј, каде Кватерник ги снабдил Георгиев и Крал со компаси и карта на градот.

На 8 октомври лицето со псевдоним Петар (Јан Вудрачек), Кватерник, Георгиев – Черноземски и Крал ја проучиле маршрутата по која требало да помине кралот Александар, при што според наредбите Черноземски требало да го убие кралот, а Мијо Крал имал задача да активира бомба во толпата народ за да му овозможи на првиот да побегне. По последните дадени инструкции Еуген Кватерник, вечерта на 8 октомври заминал од Франција и утредента се наоѓал на сигурно во Швајцарија.
Утредента на 9 октомври, откако го зеле оружјето од брачниот пар Вудрачек, Георгиев и Крал се измешале со народот што се собрал по повод пречекот на југословенскиот крал. За тоа време таинствените Вудрачекови, коишто всушност биле раководители на операцијата исчезнале од градот, исто како и Кватерник, се со цел да си обезбедат алиби по извршувањето на атентатот.
(Продолжува)

Извори:
1. Istoricheski pregled, Books 1-6, Bŭlgarsko istorichesko druzhestvo, Institut za istoria (Bŭlgarska akademia na naukite), 1987, str. 49.
2. Request of the Yugoslav government under article 11, paragraph 2, of the Covenant: Communication from the Hungarian government, Hungary – Yugoslavia, League of Nations, Tibor Eckhardt, Publisher League of Nations, 1934, p. 8.
3.Stefan Troebst,”Historical Politics and Historical “Masterpieces” in Macedonia before and after 1991″, New Balkan Politics, Issue 6, 2003: “… the suicide-assassin from VMRO, Vlado Cernozemski, who, on orders from Mihajlov and his ethno-national VMRO, which was defined as Bulgarian, killed the Yugoslav king Alexander I Karadzordzevic and the French Minister of Foreign Affairs Louis Bareau in Marseilles in 1934.”
4. „Povijest Nezavisne Države Hrvatske“, Drugo dopunjeno izdanje, (Naklada P.I.P. Pavičić, Zagreb, 2002.), ISBN 953-6308-39-8.

5. Петьр Япов,Пьтуване из дневниците на митрополит Андрей,глава назадграничната Бьлгарска православна цьрква,Ню Юрк,1937-1972,Марскилскиятатентат с участието на Ванчо Михайлов и ВМРО 9 октомври 1934,София,2002,19.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пишува: По патот на Македонската историjа

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пратив писмо од Македонија...
Следна објава Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 5) - ВМРО во Првата балканска војна
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 519
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 880
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 902
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 560
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 552
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 788
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 577
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 999
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 533
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

598
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1070
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.