По налог на Египетските власти маж и жена се под истрага откако фотографија на која тие имаат сексуални односи на една од пирамидите во Гиза се појави на интернет и во моментот стана вирален хит. Данскиот фотограф Андреас Хвид, на неговиот веб сајт сподели фотографија од себеси заедно со девојка со која очигледно имаат сексуални односи во мисионерска позиција на врвот на познатиот историски споменик. На јутјуб сервисот исто така се појави видео од нив двајцата како се качуваат по страната на пирамидата. Првенствено видео снимката се сметало дека била лажна, но сега истражители ја истражуваат нејзината веродостојност.
Кон крајот на ноември 2018 година, пријателка и јас се качивме на Големата пирамида во Гиза (наречена “Пирамидата на Куфу, Пирамида на Кеопс”). Плашејќи се да не бидеме откриени од стражарите, не ги снимив неколкуте часови на прикрадување околу платото во Гиза, кое што доведе до искачувањето,
-стои во информацијата како објаснување за видеото.


