Општинската администрација при општина Делчево ја објави годинешната програма за одбележување на најголемиот Македонски празник 2-ри Август-Илинден.
117 годишнината од кревањето на Илинденското востание како и 76 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во Делчево општинските власти ќе го одбележат единствено со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев како и пред Споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во недела на 2-ри август со почеток во 10 часот.
Ваквата редуцирана програмска шема за одбележување на еден од најголемите Македонски празници- Илинден се случува во време на закана од зараза на Ковит-19, што според локалните власти е причина за отсуството на дополнителни програмски содржини кои доликуваат на овој ден.
Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено во јавност од страна на општинската администрација, како и поканата на Градоначалникот Горан Трајковски и Претседателот на Советот на Општина Делчево Драган Маневски:
“ПОКАНА
Во чест и слава на ИЛИНДЕН
🇲🇰🇲🇰🇲🇰 2 АВГУСТ 2020 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Почитувани,
Општина Делчево Ве поканува заедно да го одбележиме големиот македонски празник ИЛИНДЕН,
117 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и
76 години од ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
Поради ситуацијата со корона кризата во програмата е предвидено само полагање на букети свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОВ.
НЕДЕЛА, 2 АВГУСТ 2020
📌10:00ч – Полагање букети свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев,
📌10:30ч – Полагање на букети свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ,
‼️‼️Ве замолуваме почитувајте ги мерките за заштита од КОВИД – 19, носење на заштитна опрема (маски и ракавици) и држење на соодветно растојание.‼️‼️”
-стои во соопштението упатено до јавноста преку социјалните мрежи.


