На Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин“ што се одржа во Велес, учествуваа и младите виолинисти од ООМУ „Васо Карајанов“ од Гевгелија, каде постигнаа одличен успех.
Јана Димитрова , Филип Трајков и Емилија Николовска ја освоија првата награда, а втора награда освои Љубица Мицева.
На овој Меѓународен натпревар на класична музика ,,Арт ин Велес 2018“, учестуваа околу 250 натпреварувачи од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора во неколку категории, основци, средношколци, студенти и професионалци.
Учесниците се натпреваруваа на сите класични инструменти, виолина,виола,виолончело, гитара, кларинет, труба, саксофон, флејта и контрабас, а најмногу на клавир, каде имаше пријавено деведесет учесници.
,,Арт ин Велес“ првенствено има за цел да го развива културниот и образовниот живот преку соработка и дружење на децата со возрасните музичари – уметници од целиот свет.