• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Гордана Димитриеска- Кочоска: менаџерскиот тим на државната АД ЕСМ нема компас. Вештачките акумулации под биолошкиот минимум

ноември 10th, 2020 Политика коментари 561

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Гордана Димитриеска- Кочоска: менаџерскиот тим на државната АД ЕСМ нема компас. Вештачките акумулации под биолошкиот минимум

Поранешната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ во Техничката влада Гордана Димитриеска- Кочоска во јавноста упати своја загриженост по однос на електро- енергетската стабилност на Република Македонија под раководство на актуелните власти.

Таа изнесува своја анализа во однос на погрешните и штетни чекори кои што го превземаат енергетските власти со што државата е доведена да распишува тендери за набавка на поскапа струја на слободниот пазар во однос на неконтролираното трошење на природните ресурси од страна на истите тие надлежни и недомаќинско стопанисување со истите.

Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на реакцијата на поранешната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ:

“Почитувани,

Ние сме единствената држава во светот во која власт не е способна да види што ќе се случи во следните три месеци, а да не зборуваме за повеќе. И денес нема да пишувам за здравство зошто таму е повеќе од јасно дека не се способни ниту на неделна основа да предвидат. Она што ме загрижува во моментот е состојбата со електроенергетскиот сектор. Сведоци сме дека во изминативе три години менаџерскиот тим на државната АД ЕСМ нема компас, ниту знае кај оди, па оттука водите се трошат без милост, акумулациите по неколку пати во годината се на минимум а невладините организации никаде ги нема да се бунат за живиот свет, ама истите тие пред 5 години беа многу гласни кога водата во акумулациите беше и на повисоко ниво од денешното.

Имам уште една мала дилема, дали е навистина до незнаењето или пак една грешка нѐ завлече сериозно надолу. Пред нецели две години државната АД ЕСМ потпиша договор со АД ЕВН хоме согласно кој договори продажба на електрична енергија за 36,6 евра за MWh, што е пониска цена од производната (41-43 евра за 1MWh). Производната цена е комбинација од цената на хидрата (која е многу ниска под 20 евра за MWh) и цената на термото која е над 45 евра, но термото учествува многу повеќе во однос на хидрото. Оваа влада се труди да направи во континуитет поголемо учество на хидрото а тоа зависи од годината, последниве и не се така дождливи и снежни) за да ги намали трошоците, па оттука сите акумулации ни се празни. Ама пусто, колку и да ја покриваш пониската продажна цена, неспособноста ќе излезе на виделина. Во месец август се фалеа дека имаме вишоци на електрична енергија и продаваа со фалби за 43 евра. Ама еве во месец ноември АД ЕСМ не е во состојба да испорача дури ни тоа што го има по договор за АД ЕВН хоме. Па, оттука фирмата ќерка на АД ЕСМ, односно Елем Трејд спровела јавна набавка во која просечната цена по која ќе купи е околу 49,5 евра за MWh. Фирмите од кои ќе купи ги имате во прилог а меѓу нив се ТЕ-ТО и ЕДС. Од друга страна цената по која електричната енегија се продава е 36,5 евра за 1MWh или тоа се некаде 13 евра за 1MWh. Или само за една недела загубата кај државната компанија е 156.000 евра. Тоа се 5 супермодерни амбулантни возила или 300 лаптопи или што уште не што сега е многу попотребно.За крај можам само едно да заклучам, државата од оваа зделка покрај тоа што има загуба, изгуби многу многу повеќе. Во летниот период трошеа јаглен кој го има во ограничени количини за да произведат и продадат по ниски цени (летните продажни цени се пониски од зимските), а јагленот го нема, што во превод значи дека е многу “скап” или јас би рекла нема цена. Водата ја потрошија иако ја знаеја хидролошката состојба, па сега имаме празни акумулации и недостиг на струја. Згора на се немаме ниски температури, а тек да се повтори зимата 2017 со премногу ниски температури па да неможат и јаглен да копаат.

Останува само нејасно дали приватните трговци и во двата случаи одлично се офајдија и колку поединци од власта ќарија од истово.”

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/posts/212229306959160

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Царе, гол си! Дебело ќе го кркате ако тезгарите со Македонското наследство- Сашо Тасевски го предупреди Заев
Следна објава Гробарот Венко Филипче, секојдневно завива во црно семејства и продолжува да ги лаже граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 421
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 736
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 599
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 543
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 658
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1994
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 577
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 711
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 566
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

684
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1147
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.