Збирка на вински мисли , мудрости и занимливости на авторот Душко Стефанов, составени во книгата “ Буке” ќе бидат промовирани на 7ми септември (петок) со почеток од 12 часот во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, а влезот за истата е слободен.
Книгата е мотивација за специјализираниот сајт за вино и вино култура, www.vinotika.mk и ќе биде помеѓу главните настани на првиот гроздоберски ден од годинешното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, и со нејзината промоција ќе биде отворен овој голем настан за Кавадарци. На промоцијата ќе се ообрати и Градоначалникот на Општина Кавадарци каде ќе го прогласи “Тиквешкиот гроздобер” за отворен.