• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Ханс Кристијан Андерсен – Девојчето со кибритчињата

декември 15th, 2019 Магазин коментари 1498

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ханс Кристијан Андерсен – Девојчето со кибритчињата

Ханс Кристијан Андерсен е дански книжевник и еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал и развил народните мотиви во нив, но и создавал вистинити дела.

Девојката со кибритчињата  е расказ од данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен од 1845 година. Темата на соништата и надежите на децата е прилагодена на најразлични возрасти  вклучувајќи анимиран филм и телевизија.

Андерсен верувал дека судбината на човекот ја решил Бог. Во Девојката со кибритчињата, потресна бајка за  гладна девојка која се обидува да ги загрее замрзнатите прсти на новогодишната ноќ но неуспешно, Андерсен изразил благородна верба во еден свет подобар и поправеден од светот во кој доминира глад, студ и мизерија. Девојчето замрзнало на новогодишната ноќ, но нешто се случува и веќе нема студ, нема глад, нема страв. Уживајте во бајката.

Ужасно студено беше надвор, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ.

А беше Нова година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на себе некакви папучки, но тие не беа нејзини. Едноставно беа преголеми за нејзините мали, нежни нозе и ги загуби некаде по пат во длабокиот снег.

Продолжи боса по снегот, а стапалата веќе и беа помодрени од мразот кој беше секаде наоколу. Во рацете носеше сноп кибритчиња, но денес не продаде ни едно единствено кибритче.

Сиротото девојче се тресеше од студот, гладна и премрзната.

Снегулките паѓаа врз нејзината прекрасна долга коса. Русите плетенки и го обвиткуваа вратот, но таа никогаш и не помислување на нив. Од сите прозорци излегуваше светлината на свеќите, а наоколу се ширеше прекрасниот мирис на печени гуски и мисирки. Таа знаеше, вечерва е Нова година.

Се склупчи во аголот кој го формираа ѕидовите на две соседни куќи. Ги допре своите мали, боси стапала едно до друго во надеж дека барем малку ќе ги стопли во таа смрзнувачка ноќ. Студот и навлегуваше во коските.

Да си оди ли дома? Без продадено кибритче?

Не!!!

Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не донесе ни една паричка дома.

Прстите и беа премрзнати и вкочанети. Едно кибритче сигурно ќе ме затопли си помисли. Само кога би смеела да запалам барем едно кибритче. Само кога би имала малку смелост да го сторам тоа. Студенилото ја совладуваше.

Извлече едно дрвце и го запали.

Светлиот пламен блесна во аголот. Беше тоа прекрасен пламен. Русокосата душичка за момент почувствува дека седи покрај еден голем камин и го слуша пукотот на огнот од дабовите трупци. Ги пружи премрзнатите ноџиња кон огнот, но тој изгасна. Го снема. Повторно завладеа мракот и студенилото наоколу.

Извди уште едно кибритче.

Овој пат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот порцелански сервис. Мисирката беше на средина на масата, украсена со јаболка и сливи. Токму кога посака да ја вкуси, пламенот повторно исчезна.

Кутрото девојче, толку беше блиску, но сето тоа го снема.

Одново запали кибритче. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во светлината на илјадниците свеќички на неа. Светлоста одеше нагоре, нагоре високо се дури до небото. Погледна во висината и ги виде ѕвездите на небото. Виде како падна ѕвезда.

„Некој штотуку умре“ помисли девојчето. Се сети на нејзината баба.

Единствената личност која неизмерно и искрено ја сакаше. Но, таа повеќе не е тука. Таа замина, онака како што и раскажуваше за ѕвездите коиж паѓаат. Нејзината баба е сега таму Горе, кај Севишниот.

Против својата воља запали ново кибритче. Овој пат нејзината баба беше пред неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил допир.

„Бабо, најсакана моја“ викна низ солзи малата душичка.

„Земи ме со тебе. Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како што замина и каминот и мисирката, и елката затоа земи ме со тебе.“

Го запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол, посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Баба и ја зеде во своите раце. Русокосото ангелче се најде во нејзината прегратка. Двете среќни заминаа Горе. Горе онаму каде никогаш нема студ, каде нема глад, каде нема немир, онаму каде што е Тој.

Изутрината околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи се уште беа розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице.

„Сакала само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше колку прекрасни работи малечкото ангелче виде таа ноќ. Никој од нив не можеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава 8-годишно мексиканско девојче освои награда за нуклеарни науки за пронаоѓање на грејач на соларна вода
Следна објава Детски загатки кои можат да ги збунат дури и возрасните
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 780
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 628
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 712
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 768
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 775
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 732
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 741
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 668
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 755
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

800
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3103
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1461
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.