Во болница во Валево била примена 29-годишна жена за која било утврдено дека се породила во текот на ноќта.
Жената одбивала да каже каде е бебето, но подоцна почнале да се сомневаат дека детето е убиено.
Во полското веце во близина на семејниот дом полицијата пронајде постелка со големо количество крв, а потоа и мртво тело. При направена обдукција откриено е дека момчето е родено живо во 9. месец од бременоста и дека потоа настапила насилна смрт. Полицијата го пронашла бебето во јама на полско веце во дворот и се сомнева дека мајката го задавила штотуку роденото бебе и го фрлила во јамата.
Жената сè уште е во болница, каде што треба да ѝ се направат психијатриските испитувања за да се утврди нејзината психолошка состојба. Од тоа зависи дали ќе биде осомничена за чедоморство или убиство на дете.
Хорор во Србија – 29 годишна жена го фрлила во тоалет штотуку роденото бебе
