• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Христијан Мицкоски: На следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата на Република Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ

август 4th, 2019 Македонија, Политика коментари 942

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Денеска на прес конференција, лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, со голем број економски параметри и факти изнесени во јавноста го критикуваше работењето на актуелната влада на Зоран Заев.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Христијан Мицкоски од партиското седиште:

Изминатиот период македонската јавност беше сведок на низа коруптивни и криминални скандали во кои што главна улога беа луѓе кои што се дел од врхушката на власт, или луѓе кои што се блиски до врхушката на власт.

И наместо како што тоа треба да го прави одговорна влада која што треба да се бори бескомпромисно со криминалот без разлика кој е сторителот и кој е предизвикувачот на тој криминал, го видовме Зоран Заев и претставници  на врхушката на власт кои се обидуваат несмасно да ги прикријат овие скандали така што во јавноста отпочнаа една нова кампања каде што велат дека всушност не било сега време за предвремени парламентарни избори бидејќи ние сме блескале и економијата била со рекордни резултати.

Но, какви се фактите? Во интерес на вистината јас би сакал денеска да зборувам за вистинскиот, реалниот свет, а не за оној паралелниот во кој што живее Зоран Заев, криминалците околу него и луѓето кои што се негови обожаватели и кои што велат дека всушност политиките на владата во делот на економијата ги носат потребните ефекти.

Какви се вистинските резултати во оној вистинскиот свет каде што луѓето се борат со сиромаштијата, каде што луѓето во своите џебови носат празни паричници?

Имено, Зоран Заев и луѓето околу него на крајот од 2018 година на прес конференција ќе објават дека рекордно ниво постигнала просечната плата во месец декември 2018 година, во износ од 25.784 денари. Тогаш велевме дека потребно е да бидат сериозни и да и ја соопштат на македонската јавност вистинската и реалната економска ситуација во државата и дека тоа е исклучиво резултат на погубните политики од аспект на зголемените даноци кои што во тој период следеа од јануари месец 2019 година и дека всушност во декември месец се исплаќаат бонусите и се исплаќаат дивидентите за сопствениците и менаџерите на компаниите.

Дека бевме во право, веднаш потврда стигна од јануари месец 2019 година па се до мај 2019 година, кога просечната плата е за 1.113 денари по мала од таа која што ја објави Зоран Заев и тогашниот трет член на економскиот цунами тим во владата на Република Македонија, господинот Тевдовски или за 4,5 проценти пониска, од таа која што тој ја објави во декември месец  2018 година.

Потоа, продолжија да се фалат со директните странски инвестиции и велеа дека се рекордни во 2018 година и дека надминале историско ниво. Каква е реалноста?  И тогаш велевме дека е тоа резултат на зголемените даноци кои што ќе следат во следната 2019 година, дека тој резултат на реинвестираната добивка на странските инвеститори кои што се резултат на напорите на некој претходни влади. Но, продолжија да го лажат каква што е и нивна карактерна особина, сопствениот народ и сопствените граѓани и демант на нивните тези, а потврда на нашите тези веќе стиган во првиот квартал од 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува 21,6 милини евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година.

Според неофицијалните податоци кои што ги добиваме, во месец април имаме незначително зголемување на директните странски инвестиции но потоа имаме повторно одлив во месец мај, и таков одлив се очекува во месец јуни бидејќи доаѓаат до исплата на дивидендата. Или повторно ќе имаме една катастрофална ситуација во вториот квартал од 2019 година за директните странски вложувања во Република Македонија.

Индустриското производство.

Индустриското производство во првиот квартал 2019-та година, оној квартал кој што се споредување со исклучително катастрофално нискиот прв квартал во 2018-тата година.

Се сеќавате на оние насмеани лица на двоецот, сега веќе двоецот не е троец, Анѓушев – Заев на онаа прес конференција во Владата, изнесува речиси 9%, но додека пак во вториот квартал имаме исклучително катастрофално ниско ниво на пораст на индустриското производство од 1,33%, т.eс. трендот на опаѓање од април месец до јуни месец се движи со следните стапки.

Имаме раст од 5,5 во месец април, имаме опаѓање во месец мај од 1,2%, имаме негативно салдо на индустриското производство од 2,7% во месец јуни.

За речиси седум пати пониско индустриско производство во вториот квартал имаме во 2019-тата година отколку индустриското производство во првиот квартал од 2019тата година.

Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал од 2019-тата година веќе зголемен за 1,2%, додека пак во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2,3%.

Извршените градежни работи во месец април се за 10% пониски од истите извршени градежни работи од месец април 2018-тата година. Во месец мај ситуацијата е уште покатастрофа, 20-тина проценти пониски извршени градежни работи во 2019-тата споредено со извршените градежни работи во 2018-тата. За 15% имаме помалку извршени градежни работи во периодот април-мај 2019-тата споредено со април-мај 2018-тата година.

Сето ова вели дека вториот квартал од 2019-та година ќе биде исклучително лош и растот може да биде незначителен или да биде еднаков на нула, доколку повторно како што тоа беше пракса во минатото, премиерот неколку денови претходно ни ги кажува бројките кој што треба да ни ги соопшти Државниот завод за статистика.

Доколку Државниот завод за статистика професионално ги обработи параметрите од вториот квартал, тогаш економските резултати во вториот квартал од 2019-тата година ќе бидат исклучително, исклучително катастрофални.

Блескаме само во оној свет кој што го живее Зоран Заев и неколкумина обожаватели и апологети околу него.

Каква е ситуацијата во буџетот?

Ситуацијата во буџетот е катастрофална. Доколку се анализираат извештаите кој што управата за јавни приходи ги публикуваше, заклучно со месец мај, откако ние ги објавувавме тие резултати, престанаа да објавуваат извештаи за месец јуни. Ситуацијата е следна.

Во првите шест месеци потребно било, планирано било да бидат наплатени 43,4 милијарди денари, а во суштина биле наплатени околу 39,3 милијарди денари. Односно кусокот кој што во буџетот се слеал или требало да се слее, а резултат на катастрофално лошото работење и приходување од страна на Управата за јавни приходи е некаде околу 4,1 милијарди денари.

Посебно е катастрофална ситуацијата во вториот квартал, или таа е за некаде нешто помалку од 12% послаба наплата имаме од онаа која што е предвидена со претходниот план на почетокот на годината.

Имено, во месец април имаме речиси 6% помала наплата од планираната, во месец мај имаме речиси 13%, додека пак во месец јуни имаме речиси 16% помала наплата од онаа која што била планирана на почетокот на годината.

Економската и  финансиска моќ на компаниите и на граѓаните е катастрофална и затоа уште еднаш, почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни, ќе ја повторам тезата дека живееме во два паралелни света со господинот Заев. Едниот е неговиот, оној многу малиот исполнет со малкумина обожаватели кои што му велат дека блескаме, и оној којшто го живеат граѓаните на Република Македонија во беда, во сиромаштија и со празни паричници.

Извршувањето на буџетот како петти параметар којшто на денешната прес конференција ќе го анализираме во периодот јануари-јуни е исто така катастрофален кога станува збор за развојот на Република Македонија од аспект на инвестиции во капиталните расходи. Имено, реализацијата на приходите и расходите е некаде околу 45% од она коешто било планирано на почетокот на годината, но она што загрижува и што беше вистински мотив на Зоран Заев да го приграби министерството за финансии е обидот да сите ненародни, сите криминални, сите погрешни политики во изминатиот период да се обиде преку државниот буџет да ги корумпира, да ги корумпира граѓаните и гласачите во Република Македонија мислејќи и играјќи на картата на кратко помнење. Имено, трансферите имаат реализација над 50%. Кога сме кај капиталните трошоци и кога сме кај капиталните расходи, нивото на реализација е катастрофални и ниски 20тина проценти.

Се сеќавате кога заменик претседателот на Владата, господинот Анѓушев кажа дека таа не била точна  бројка, односно го демантираше претседателот на Владата неговиот претпоставен и сегашен  сива еминенција во Министерството за финансии, господинот Заев коешто пак министерство во реализацијата на буџетот публикуваше параметар од 20тина проценти катастрофална реализација на капиталните трошоци. Додека пак дефицитот е на реализација некаде околу на 40тина проценти. Или доколку до крајот на годината дефицитот се реализирал  онака како што бил планиран тогаш капиталните инвестиции нема да надминат стапка на реализација поголема од 50тина проценти, т.е. да сумирам, ќе недостасуваат некаде околу 200 милиони евра коишто биле потребни и коишто биле планирани за капитални инвестиции во Република Македонија.

Вистинското прашање е каде ќе отидат тие пари? Тие пари ќе отидат преку трансфери во обидот на Зоран Заев да ги затскрие ненародните криминални политики кои ги води неговата Влада и да месеци пред избори се обиде да игра на картата на кратко помнење кај граѓаните и истите тие да ги корумпира преку таков тип на трансфери. Што е тука погрешното? Погрешното е што дефицитот и планираните раздолжувања кои што ќе ги прави Владата на Република Македонија се финансираат со дополнителни задолжувања. Тие задолжувања во првите 6 месеци од годината се на ниво од отприлика 16 милијарди денари, 16 милијарди денари, 9,5  милијарди денари се средства коишто ги финансираат овие егзибиционистички и антибизнис политики на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев. Преку државните записи 5,5 милијарди денари се финансирани од депозитите коишто ги има Владата во рамките на Народна банка на Република Македонија и некаде  една милијарда денари се странски заеми и други приливи коишто се слеваат во буџетот.

Со други зборови, да сумирам, оваа антибизнис и оваа антиекономска политика на Владата на Република Македонија којашто ја предводи Зоран Заев ја турка Македонија назад и е вистинска слика на вистинските политики и намери на Зоран Заев кога сакаше да се само прогласи себеси за министер за финансии и да ги приграби финансиите на граѓаните кои што се слеваат во Буџетот на Република Македонија.

Ние како опозиција за овие вистински намери, но и за намерите на Зоран Заев во периодот кој што претстои да издаде уште една државна обврзница за да може да ги финансира овие авантуристички политики, ќе ги информираме сите меѓународни претставници. Сите меѓународни претставници, политички, но и финансиски кои што се во Република Македонија, дека на следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата на Република Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Република Македонија и ваквиот тип на авантуристички потези на Зоран Заев и владата кој што тој ја предводи нема да можеме да ги толерираме и можеби ќе биде доведено под знак прашање нивното сервисирање.

Затоа уште еднаш апелирам на разум и вистинско водење и водење грижа за касата која што практично треба да се занимава со развој на  Република Македонија, а не корупција и скандали кои што се практично се дел од секојдневието во Република Македонија.

Доаѓа обнова и доаѓа победа на следните парламентарни избори и формирање на нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Што навистина се случуваше овој Илинден на Мечкин камен? Автентичен исказ за состојбата на лице место
Следна објава Стевананџија: Не вредело парите да се оставаат во македонска фирма,која бриши македонски топоними! Нека Ви точат Грците сега!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 358
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 337
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 356
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 974
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 350
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 391
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 164
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 242
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 327
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

658
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1445
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2781
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876
Македонија

Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876

Јул 8th, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.