• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Што навистина се случуваше овој Илинден на Мечкин камен? Автентичен исказ за состојбата на лице место

август 4th, 2019 Македонија, Став коментари 2747

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Што навистина се случуваше овој Илинден на Мечкин камен? Автентичен исказ за состојбата на лице место

Абер од Мечкин Камен, Крушево, Македонија
2-ри Август, Илинден 2019 година
(Автентичен исказ за состојбата на лице место)

Посакав оваа година да бидам заедно со хероите на Крушевската Република… со нивниот последен здив заборавен помеѓу гранките на густата корија над Крушево.
Нешто длабоко во срцето ме тераше на ваквиот чин.
По трошниот остарен асфалтен пат со ограничена ширина својствена за комунистичките времиња на поранешниот систем, по 60-тина минутно искачување од регионалниот пат, прво накај Кеушево а после накај Мечкин Камен, стигнав некако до коријата на околу 800-900 метри од светото место.

Мојот транспорт како комита во 1903-та мораше да биде оставено помеѓе дрвјата во една стрмна падина, затоа што модерен и по сите стандарди нормален паркинг овде на ова историски важно место- нема.

Наоколу автобуси, комбиња, други автомобили кои благодарение на ѓаволски упорната снаодливост на возачите не предизвикаа некаква несреќа…

Од автобусите излегуваа групно луѓе и во координација со поединци, групите една по друга се упатуваа кон нивното одредиште. Во создадената колона се носеа знамиња од страна на трети лица… знамиња на ЕУ и Република Македонија кои им се тутнуваа во рацете на луѓето во групата која пополека се движеше угоре. Секако да не ги заборавиме белите капчиња со испечатените слогани “Сите ние сме деца на Илинден” (или така нешто слично), кои на организирани штандови се делеа на лицата кои поминуваа. Слушнав повеќе старци и старици кои ставајќи ги капчињата на глава велеа: “браво бе дете како ви текнало, капава ќе ме спаси од претоплото сонце” (што за волја на вистината беше со висок УВ индекс).

Полицајци наредени од двете страни на патот на секои 100-тина метри.

Пристигнав заедно со толпата која чудно ме гледаше на влезот од локацијата каде требаше да се одржи централната Манифестација за одбележување на Илинден.

На рамото си го носев моето знаме со Македонскиот национален симбол-жолта ѕвезда со шеснаесет краци на црвена основа.
Терминот “Ѕвездата/Сонцето од Кутлеш” намерно не го користам, сметајки дека ваквиот назив на Македонскиот национален симбол е штетен и погрешен, афирмиран намерно од редица на пропагандни инструменти со цел за локализација на универзалноста и космополитското значење на овој симбол кој бил препознатлив белег на Античкото Македонско царство/империја на династијата на Аргеадите.

Забележав во тој момент дека немам мрежа на телефонот. Отпосле сватив дека базните станици кои вршат конекција на сите мобилни оператори се блокирани намерно и со цел… а целта беше само контролирани видеа и слики и информации да излезат од Мечкин камен во моментот на случување на главната манифестација. Саркастично се прашувам кој ли можел да ги блокира овие базни станици, за народот присутен да не може да искомуницира преку мобилните со остатокот од светот и да ја пренесе “еуфоричната” атмосфера од прославата? Во ова жешко августовско утро накај пладне во 2019-та година… година на вселенски истражувања, роботика и вештачка интелегенција….

Важно бели капчиња, бели маички и гламурозни знамиња имаше… и народ… многу народ… 5-6 илјади… и полиција… полиција од секаков вид: сообраќајци, ЕБР, станични полицајци за превенција, разбацотки со бицепси, фраери со слушалки во уво, итн… што да кажам-празник на полицијата си реков да не слават овде…

Пополека решив со моето знаме на рамо да се впуштам во толпата БЕЛИЛА на сите страни… јас и моето црвено знаме…

Приоѓајки накај гужвата имав чувство како да чекорам меѓу марсовци… знаев зошто… обележан сум. 

Дронот над главата верно и уважувачки ме снимаше. Забележав неколку распрснати знамиња исто ко моето во толпата… им пријдов, од 2-3 станавме 7-8, пополека 15-16, за половина час се скупчивме 50-тина луѓе обележани со Македонскиот национален симбол. Сремежливо но со сјај во очите се гледавме и молчевме… да не знае човек дали тој сјај беше од потта која ги печеше нашите очи или од нешто друго…

Денеска после 2 дена би кажал: Пркос!

Се пронајдовме по знамињата…

Од некаде на нашата мачно запоседната територија од неколку квадрати околу која беше стуткан кордон од секакви полицајци (најповеќе од оние со бицепсите) се приближи Професорот Нестор Огинар со неговата Дама… Се поздрави со нас по Македонски-Честит празник Македонци, да живее Македонија.

Во тој момент околу кордонот полицајци се насобра уште еден кордон на габаритни млади луѓе со бели маички и бели капчиња на бричените глави кои доминираа во групата околу нас…

Успеав грубо да пребројам околу 350-400 луѓе во двете линии на кордонот околу нас-оние кои бевме со Македонското национално знаме. Дронот грижливо се обидуваше да ни прави сенка над нашите глави ама залудно… денот го завршив црвен ко морски рак во лицето….

Професорот Нестор извика: македонци ќе ја пееме ли нашата… химна?

Денес над Македонија… Земјо Македонска, па извици Македонија-Македонија, па извици Никогаш (терминот на с)-Секогаш Македонија… имаше и извици: Предавник-овој предавник-оној…Уа-овој, Уа-оној, по некој монолог со силна горчина во грлата на малкумината, од типот (парафразирам) “До кое дереџе дојдовме?; Гоце Делчев-Бугарин ли бил? Кој ви даде право име да менувате, Македонци – каде сте? итн.

За мене лично овие сцени беа толку траорни што мислам дека цел живот ќе ги паметам… Вториот “одбрамбен бедем што веројатно требаше народ од народ да заштитува, на изблиците на патриотски зборови од заокружените малкумина, почнаа неколкумина да стануваат нервозни… па се започна со меѓусебни препукувања меѓу двете групи-онаа црвената-малкумината и онаа белата- толпата… имаше и налети за физичка пресметка од двете страни, од типот- Пуштете ме да видо он кој сум јас..

Поголем инцидент беше избегнат благодарение на професионалниот однос на одредени поединци во полицискиот кордон околу помалата група-црвената. Имаше и такви полицајци кои се закануваа на поединци (од црвените) вербално на разно разни начини да го напуштат местото и групата да се разотиде.

На влезот од трасираниот пат се појави човек кој мафташе со двете раце кон толпата… во толпата се придвижија повеќе мина и се впуштија под крошните на околната шума од каде ги истеруваа луѓето кои овде беа нашле прибежиште од УВ зрачењето на жешкото сонце…

Се прибра поголема бројка на луѓе во бело.

Зоки-Зоки! -извикуваа…

Па аплауз, па пак Зоки-Зоки…

Нај изненадувачки беше (за мене) моментот кога одредени групи во толпата во бело, почнаа да скандираат “Северна- Северна!”

Од малата-црвената група се слушаа свирежи, Укање, разно разни извици од кои најгромогласен беше: НИКОГАШ (терминот на с) САМО МАКЕДОНИЈА, Македонија-Македонија и Предавник-Предавник.
По кратко тоа Зоки-Зоки се стиши, аплаузот престана, остана само Предавник -Предавник…

Вториот кордон на луѓе со бели маички и капчиња кој се наоѓаше околу малкумината со црвени Маички и знамиња со Македонскиот национален симбол, “зовре” во својата нервоза. Пцости, погрдни зборови, дофрлувања… налети за физички пресметки кои полицијата успешно ги одбиваше…

По 15-тина минути тензијата се смири кога започна музиката на сцената…

Малкумината со црвени маички се повлекоа подалеку од самата сцена, повозрасните луѓе со бели капчиња и оние кои личеа ма администрација се вратија во сенката на густата корија. На партерот под сонцето пред сцената останаа оние од вториот кордон габаритните мажи во бело…

Говорот на главниот говорник на сцената не верувам дека повеќе од 200 луѓе го слушнаа во доволна должина од 5-6 поврзани реченици една по друга…

Танец- ми прозвуче препознатливо после говорот. После Танец, слушнав (за мене) еден нов призвук на музика од далечината на главната сцена… Морам да признам дека ми звучеше интересно.

Официјалниот спикер ја одјави програмата. Кон “црвената” група посетитили на Мечкин камен се упати поголема група на “Бели капчиња”. Бројот на полиција во кордонот околу црвената група драстино се зголеми. Главниот гостин со свитата заминуваше од локацијата…

Повторно “драма!
Две групи:
1.Зоки-Зоки!, Аплауз…
2.Предавник-Предавник!, НикогашС Само македонија, Свирежи, Укање…

Пак тензија меѓу двете групи….

Зоки си замина, по него и оние кои го извикуваа неговото име…
Остана на локацијата само “црвената група” намален број полицајци и по некоја развеселена дружина во дебелата сенка на коријата….

“Црвената” група се упати кон Мечкин Камен…

Со нив и јас… 

Групни и поединечни фотографии, Денес над Македонија се раѓа- групно испеана со народски призвук, поклонување и по некоја дискусија од историски карактер…

Енде… Дојде интернет конекцијата и телефонскиот сигнал кој до тој момент беше блокиран…

На заминување од пред вечниот паметник за душите на загинатите Македонски херои, забележав само расфрлана пластична амбалажа под столчињата каде најверојатно седеше “неговата” екселенција….

Во милост со големината на Илинден, решив оваа приказна да ја споделам два дена покасно од моментот на нејзиното случување…
Истовремено следев медиуми и портали, дали некој достојно и реално ќе ги извести Македонските граѓани за тоа што навистна се случуваше овој Илинден на 2-ри август 2019 година во Македонија која аспирира да биде членка на семејството на малку понормалните држави од нашава….

Што мислиш ти мој драг пријателе? 
За оваа “фешта”…

Да, Ти кој имаше трпение да го дочиташ овој долг текст… 

За оваа манџа што некој ни’ ја зачинил за ние да ја сркаме.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ЛАГИ И ФАЛСИФИКАТИ
Следна објава Христијан Мицкоски: На следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата на Република Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 526
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

838
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1575
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите
Македонија

Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите

Окт 6th, 201720
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202120
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.