• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Христо Чернопеев-револуционерен лик преку кој може да се разбере голготата на делби во Македонското револуционерно движење

октомври 4th, 2017 Македонска бесмртност коментари 1715

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Христо Чернопеев-револуционерен лик преку кој може да се разбере голготата на делби во Македонското револуционерно движење

Черно Пеев или повеќе познат како Христо Чернопеев (стар правопис: Черньо Пѣевъ, Христо Чернопѣевъ; Дерманци, Бугарија, 16 јули 1868 – Криволак, Македонија, 6 ноември 1915) — офицер од Бугарија, член и војвода на Македонската револуционерна организација, еден од поистакнатите нејзини дејци, а подоцна станал пратеник во Бугарското народното собрание, учесник во Балканските војни и Првата светска војна. Бил поборник за одделна македонска нација.

Христо Чернопеев е роден на 16 јули 1868 година во селото Дерманци, Ловечко. Дипломирал III прогимназиска класа во Плевен. Одбива редовен воен рок во 17 плевенски полк и во 1899 година останува на служба како подофицер и фелдфебел во 15 ломски полк во Белоградчик. Во истиот полк служи и Борис Сарафов, кој го привлекува Чернопеев во македонското ослободително движење, а тој е меѓу основачите на тајното офицерско братство во Белоградчик.

Во август 1899 година Чернопеев ја напушта служба и во септември пристигнал во Солун, каде под раководство на Пере Тошев, Христо Татарчев и Христо Матов четири месеци се занимава со воена обука на членови на ТМОРО.

На 14 февруари 1900 година станал четник во четата на Михаил Апостолов – Попето и дејствува во Гевгелиско и Ениџевардарско.

Од април 1900 година е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел, како и на четите на двајца други војводи Марко Лерински и Михаил Попето, е создавање на селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирче Икономов, Никола Дечев и други идни истакнатите дејци на ТМОРО.

Во февруари 1901 година четата на Чернопеев води голема 14-часовна борба во селото Бајалци во која загинува Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Во март Чернопеев заедно со Туше Делииванов пристигнува во Софија.

Христо Чернопеев, заедно со Крсто Асенов и Јане Сандански учествува во аферата мис Стон во Пирин во 1901година.

Во 1903 година Чернопеев се однесува со резерви кон одлуките на Солунскиот конгрес за кревање на востание. На 24 март 1903 година четата на Чернопеев влегува во Македонија и во април води неколку борби во струмичко и горноџумајско. Потоа се вратил во Бугарија за муниција и оружје и во август повторно влегува во Македонија со 250 лица по избувнувањето на Илинденското востание. Четата му се разделува на три дела. Едната на чело со Петар Самарџиев замина за Тиквеш, а друг дел, на чело со Никола Жеков – за Радовишко. Чернопеев води неколку борби со отомански сили во септември на крајот на востанието, по што се враќа во Бугарија.

По востанието е војвода на чета во Кукушко, каде обучува идни војводи на Организацијата.

Во октомври 1905 година е делегат од Струмичкиот револуционерен округ на Рилскиот конгрес.

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира. Во април 1909 година четите на Чернопеев и Сандански учествуваат во походот на младотурците во Цариград против контрареволуционерите. Во 1909 година станува еден од основачите на Народната федеративна партија и влегува во нејзиното раководство. Сепак, во декември 1909 година, струмичките дејци ја напуштаат партијата и Чернопеев заедно со Константин Самарџиев Џемото и поранешните врховисти Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов, стануваат нелегални, го обиколуваат Струмичко за да ја обноват организaциската мрежа во округот.При тоа, Чернопеев пишувал остри писма до Сандански обвинувајќи го за попустливост и соработка со младотурците.

Во почетокот на 1910 година Чернопеев заминал за Бугарија и привремено бил интерниран во Дерманци на инсистирање на османските власти, но наскоро Чернопеев со своите истомисленици повторно се сретнал во Софија.

Во 1910 година Чернопеев ја основал Бугарската народна македонско-одрински револуционерна организација заедно со Апостол Петков и Тане Николов. Во 1910 година влегол во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров и Апостол Петков.

Во 1911 година, откако БНМОРО и ВМРО (Автономистичка) се обединиле, Чернопеев со Тодор Александров и Петар Чаулев е избран за член на ЦК, како резервен член влегол Александар Протогеров од поранешниот ВМОК.

По избувнувањето на Балканските војни, Чернопеев е на чело на Втората посебна партизанска чета на Македонско-одринското ополчение и учествувал во борбите за Банско, Мехомија и Кавала заедно со Јонко Вапцаров, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов.

Подоцна служел во 3 чета на 4 Битолски дружина. Награден е со орден За храброст ІІІ степен. Зел учество во насилното покрстување на помаците во Драмско и Неврокопско во текот на зимата 1912 година.

За време на Втора балканска војна, заедно со четата ги помага активностите на XXVII Чепински и XVIII Стремски полк во борбите во село Конче, Радовишко. До крајот на војната останува на располагање на командата на II бугарска армија. Поради воените своите заслуги кон Бугарија е промовиран во прва офицерска титула поручник.

Станал народен пратеник, но во 1915 година го напуштил парламентот и како резервен капетан оди на фронт. За време на Првата светска војна бил командант на I чета на VI полк на 11 дивизија.

Загинал на 6 ноември 1915 година во судир со француските сили во близина на село Криволак. Погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.

По воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија во 1945 година гробното место му било избришано.

Извор: Википедиа

  • Ознаки
  • Христо Чернопеев

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Помрачината ќе ја истераме од македонското небо-порача Груевски
Следна објава Каракамишева - МОН диета?
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 503
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 852
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 886
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 546
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 538
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 770
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 558
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 977
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 519
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2695
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1884
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4155
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201923
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202223
Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри
Регион

Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри

Окт 25th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.