• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Интервју со Николчо Стоилков кандидатот за градоначалник од Ново Село – Ќе работам на тоа младите од Ново Село да не се иселуваат!

март 23rd, 2019 Македонија, Политика коментари 754

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Интервју со Николчо Стоилков кандидатот  за градоначалник од Ново Село – Ќе работам на тоа младите од Ново Село да не се иселуваат!

Како човек кој цел живот го поминал во Ново село со право можам да кажам дека ситуацијата тука сега е очајна. Општината граничи со ЕУ, а не се црпат пари од европските фондови, нема ништо од земјоделието која е основна работа на жителите, тие постојано се иселуваат. Тоа ме поттикна да работам на проекти за подобрување на квалитетот на животот на село, да го вратам Ново село на патот на успехот,

-вели Стоилков кој е кандидат за градоначалник на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели посветено ќе работи, но со задоволство ќе наоѓа време за семејството и своите две ќерки.

Каква е ситуацијата сега во Ново село? Можеби ќе звучам песимистички, но единствениот збор кој може да ја опише е очајна. Не го велам тоа од позиција на кандидат за градоначалник, туку како жител на општина Ново Село кој целиот свој живот го поминал тука. Ние сме место во кое лесно може да се забележи кога работите тргаат на подобро, но за жал ова не можам да го видам во последните 2-3 години, тука е сосема спротивното. Активни проекти за подобрување на животот на граѓаните не постојат, единствено што граѓаните можат, и тоа добро да го почувствуваат е постојаното нивно оптоварување со дополнителни такси и даноци кон фирмите на локалната самоуправа. Со земјоделие се занимава голем дел од населението колку се задоволни од ситуацијата?

Изминатите години граѓаните можеа да се потпрат на земјоделието, кое за многумина е главна работа, сега не можат и на тоа да сметаат. Последните неколку години земјоделците не можат да си ги покријат дури ни трошоците за производство, што мислам воопшто не е праведно. При таква негрижа на властите не може да имате задоволен земјоделец. Се работи за категорија на луѓе кои вложуваат огромен физички труд за да произведат нешто, за на крај да заработат сите околу нив освен тие. Не постои ниту еден проект или имплементирана мерка која барем ќе започне процес за решавање на овие проблеми. Луѓето едноставно се оставени на самите себе.

Што ќе кажете за преку граничната соработка, со соработка со соседните земји може да се направи многу, за проекти да се црпат средства од европските фондови…?

Меѓу граничната соработка и користењето на европските фондови е една од главните можности за финансирање на развојот на општината. За жал, кај нас и тоа што го има е наменето за некои споредни работи наместо решавањето на клучните проблеми на граѓаните Општина Ново Село кое граничи со Европска унија. Дополнително поради ова е потребна офанзива кон овие средства.

Што ќе направите вие, кој беше вашиот мотив да се кандидирате за градоначалник?

Едноставно, сакам Ново Село да биде успешна и просперитетна општина, граѓаните да се гледаат тука, да не се иселуваат, да имаат општина која ќе оди напред. Мора да признаам за ова треба да се вложи многу труд, треба и време за да се врати општината на патеката на успехот. Работам на програма за ова, и со тоа работам на проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на село. Граѓаните секогаш се интересираат и за приватната страна на политичарите, кој е Николчо Стоилков приватно?

Семеен човек, татко на две ќерки, една четири години и другата два месеци. Слободното време сакам да го поминам најмногу со децата. Но, секогаш наоѓам време и за пријателите, сограѓаните. Жалам што повеќето млади масовно се иселуваат. Од секојдневните обврски најдобар одмор ми е времето поминато со децата.

Поголемата ќерка сака и дома да го поминува времето со мене заедно да гледаме телевизија, да ми покаже некоја нова игра, а често знае да каже тато ајде да направиме селфи. Господ пак ме дарувал со сенс за спорт и тоа вешто го користам, играм одбојка, тенис, пинг понг. Тоа е начин целосно да се ослободам од негативната енергија.

– вели Стоилков во интервју за StrumicaDenes.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Потврден е редоследот на кандидатите за претседатели на гласачкото ливче за Претседателските избори
Следна објава Лозано за Нова Македонија - Ова е вистинско време за мојот прв голем концерт!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1664
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1983
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.